11:54 - 5 декември, 2025

Соседите на Владо Георгиев за пејачот: Тој е вообразен и некултурен и секогаш е во кафеана, сака да си пивне

Владо Георгиев е роден во Дубровник, но поголемиот дел од детството го поминал во Херцег Нови. Екипата на српски „Курир“ го посетила градот во кој тој пораснал за да дознае каде живее пејачот, како и како го паметат неговите соседи и што мислат за него.

– Тој ми беше сосед пред да се преселам во Бијела, сега доаѓам овде одвреме-навреме, а вие налетавте на жената на која Георгиев ѝ пееше на матура. Ние сме генерација, не сакаше многу да се дружи, секогаш беше малку вообразен, иако веќе беше ценет како музичар. Мислам дека неговиот прв настап беше на мојата матурска вечер во 1994 година во хотелот „Плаза“. Тогаш директорот на училиштето го најави како голема идна ѕвезда. Единствениот што го сакаше беше тој професор, кој веќе не е меѓу живите. Се појави на матурата во жолта кошула со патент, се сеќавам – изјавила една сосетка.

Некој пак постар човек имал добро мислење за пејачот.

– Владо е добар. Го „плукаат“ затоа што пие, затоа што е таков каков што е, па не сме сите совршени. Ги познавам и неговите родители, прекрасни луѓе се, но можеби малку го разгалиле кога бил мал, па и сега е таков. Тој си го има својот пат – рекол постар сосед по име Живорад.

Но, една сосетка имала речиси слична приказна за нејзиниот поранешен сосед како првата соговорничка.

– Секогаш беше вообразен и некултурен. Тој беше разгален уште од детството, неговите родители многу се грижеа за него и сакаа да го водат на вистинскиот пат и тоа го направија, но тој во меѓувреме излетал. Овде настапува секоја година, па пијан доаѓа на настап и ја срами сопругата и нас како жители на Херцег Нови. Кога е тука, секогаш е во некоја кафана долу покрај море и сака да пивне таму – изјавила сосетката.

Слични објави

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо

(Фото) „Мал сончев зрак води низ облачно небо“: Лична приказна на Илина Арсова

Еспресо
Се вчитува....