00:38 - 6 април, 2026

Сопругот на актерката Светлана Цеца Бојковиќ почина на 75-годишна возраст од опструкција на белите дробови

Славко Круљевиќ, сопруг на актерката Светлана Цеца Бојковиќ, почина на 75-годишна возраст од опструкција на белите дробови, пренесуваат српските медиуми.

Тој во последните денови се опоравуваше од вирусна инфекција на белите дробови. Цеца Бојковиќ вложи многу љубов, време и внимание за да му помогне на сопругот да си го закрепне здравјето. Таа го откажа снимањето на серии и театарски претстави, за да може да биде покрај него и да му помогне на својот сопруг да го надмине здравствениот предизвик.

Веста за неговата смрт ја потврди и самата актерка за „Блиц“.

– Славко навистина почина, сега сум во голем хаос и завршувам некоја администрација. Јас сум во голема брзање. Тоа беше некаков вирус, нешто со белите дробови, верувајте, не знам ни како се случи сето тоа -изјавила актерката за „Блиц“.

Инаку, Светлана и Славко поминаа 14 години во брак.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....