2.8 C
Скопје
18:48 - 21 февруари, 2026

Шји Џинпинг за развојот на партнерството со Русија: „Ќе биде приоритет на новиот премиер на Државниот совет на Кина“

Новиот премиер на Државниот совет на Народна Република Кина, Ли Кианг, приоритет ќе му даде на развојот на партнерството со Руската Федерација, увери кинескиот претседател Шји Џинпинг на средбата со премиерот Михаил Мишустин, пренесува руски РИА Новости.

„Господинот Премиер на Државниот совет Ли Кианг ќе продолжи да дава приоритет на сеопфатното стратешко партнерство меѓу Кина и Русија“, истакна кинескиот лидер.

Тој додаде дека шефот на Државниот совет има намера да му даде приоритет на воспоставувањето блиски работни контакти со шефот на руската влада.

Шји Џинпинг повика и на продолжување на традицијата на редовни средби меѓу премиерите на двете земји.

Кинескиот претседател Шји Џинпинг од 20 до 22 март престојува во Москва во државна посета на покана на рускиот претседател Владимир Путин. Русија стана првата земја што ја посети откако беше реизбран на 10 март за трет мандат од Националниот народен конгрес (Парламентот).

На 11 март, Ли Кианг беше избран за нов шеф на Државниот совет на Народна Република Кина. Тој го наследи Ли Кечијанг, кој го води кабинетот од 2013 година.

Слични објави

(Видео) Скандал на сцена! Десингерица донесе живо јагне среде настап, кутрото животно сакало да избега

Еспресо

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо
Се вчитува....