7.8 C
Скопје
23:44 - 30 март, 2026

Шест години без „кралицата на Ромите“ Есма Реџепова: „Човек е само гостин на оваа планета, гол доаѓа на неа и така си заминува“

На денешен ден пред шест години почина Есма Реџепова Теодосиевска. Почина во Скопје на 74-годишна возраст, по кратко и тешко боледување.

Седум дена пред смртта беше итно хоспитализирана поради респираторно заболување кое не го излечила навреме.

Родена е на 8 август 1943 година во Скопје, во семејство со шест деца. Животот ѝ бил тежок, но родителите успеале да ги образуваат децата. Деветгодишната Есма била член на фолклорното друштво со нејзиниот брат, каде имала можност да научи да пее и да свири комплицирани музички ритми.

Според неа, тешкото детство ѝ послужило како одлично училиште.

– Додека многумина растеа безгрижно, јас работев разни работи, носев млеко, чистев станови, чував куче на познат доктор од Скопје, а заработените пари ги трошев економично. Го сакав киното, ги користев своите заштеди за да платам за билет. Се борев со предрасудите, секогаш морав некому да се докажувам, но вредеше, благодарна сум на Бога – рече своевремено Есма.

Во текот на животот со право го носеше прекарот „Кралица на Ромите“. Таа беше музички активна повеќе од педесет години и двапати беше номинирана за Нобеловата награда за мир.

Со дозвола на нејзините родители, Есма заминала на турнеја со Стево Теодосиевски, уште како многу млада и убава девојка, и така започна нејзината голема кариера. Таа беше една од првите ромски пејачки кои пееја на ромски јазик на радио и на телевизија во поранешна Југославија.

Стево бил 22 години постар од неа, а по заедничката работа, на крајот се венчаа.

Есма Реџепова и Стево Теодосиевски во текот на животот им помогнале на четириесет и седум момчиња и една девојка. Пет од момчињата биле посвоени од Есма и Стево, додека другите останале со нив пократки или подолги периоди во животот, а биле обучени за музичари.

Есма честопати се обидуваше на своите концерти да собира пари за помош на болници, домови за деца без родители, за жртви настрадани од катастрофи, а беше и почесен претседател на Црвениот крст на Македонија. Таа беше прогласена за кралица на ромската музика во 1976 година на Првиот фестивал на ромска музика и песна одржан во Чандригар, Индија, кога наградата ѝ беше врачена од индиската премиерка Индира Ганди.

Па да се присетиме денес на Есма и да потпевнеме некоја од нејзините преубави песни.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....