05:36 - 6 април, 2026

Северина за Милан Поповиќ: „Ме сака толку многу што не може да живее ниту ден без мене“

Северина Вучковиќ неодамна гостуваше во емисијата „Коначно петак“ каде меѓу другото зборуваше и за својот поранешен партнер Милан Поповиќ.

Водителката Маја Ченгиќ ја праша како успева после секој немил настан да биде уште посилна и поубава.

„Нека остане на тоа да пукнат душманите. Она што ми е драго е, што по големите настани, не се изгубив себеси и не се удавив во горчина. Навистина, можев да си седам цел месец во мојата фотелја и да следам што ми се случува, како да правам не знам ни јас што. Никогаш не сум измислувала работи, претпоставувам дека сум една од оние ликови на кои нештата им се случуваат без да сакаат“, рече таа.

Додаде дека маката ја трпела веќе 10 години, но дека се навикнала.

„Тоа е како чир на желудникот. Секој има своја болка, и јас го имам тој камен во чевелот“, рече таа.

Ченгиќ потоа ја праша дали мисли дека тоа некогаш ќе престане и дека другата страна ќе каже: „Добро, доста е“, на што Северина одговори:

„Мислам дека не. Тој ме сака толку многу, не може да живее ниту еден ден без мене. Тоа беше мојата дамнешна желба, уште кога бев мала. Тогаш се проколнав себеси затоа што сакав сите што ќе се заљубат во мене да останат заљубени во мене засекогаш. Само што се сетив на тоа пред една или две години“.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....