18.8 C
Скопје
16:47 - 13 март, 2026

„Секогаш таа што победува“: Ана Бекута со поддршка за Лепа Брена по операцијата на скршената нога на пејачката

Ана Бекута, која беше специјална гостинка на концертот на Лепа Брена, каде пејачката ја скрши ногата, сега се огласи на својот инстаграм-профил и испрати порака со поддршка до својата колешка.

Пејачката Лепа Брена доживеа незгода во понеделникот на 9 декември за време на нејзиниот трет концерт во Загреб кога еден член на тимот падна врз неа. Во таа прилика таа се здоби со фрактура на зглобот, поради што ѝ беше направена итна операција.

Два дена по операцијата Брена беше пуштена на домашно лекување, а нејзиниот долгогодишен член на бендот и пријател Зоран Кики Чаушевиќ со џип ја возел од Загреб до нејзиниот дом во Белград.

Пејачката Ана Бекута, која беше специјална гостинка на концертот на својата колешка, сега се огласи на својот Инстаграм профил и испрати емотивни зборови до Брена.

– Брена ме покани на гости, а кога ќе се јави Брена не се одбива. На покана дојдоа илјадници луѓе во Загреб и сите си поминавме прекрасно – организацијата беше совршена, атмосферата беше неверојатна и пеевме гласно и долго. Брена ја скрши ногата на сред концерт и никој не забележа – објасни Ана во објава на својот Инстаграм, а потоа додаде: Затоа Брена е секогаш таа што победува. Оздрави брзо, мачко! – напишала Бекута.

Слични објави

„Ова не е нормално“: Синди Крафорд покажа како ѝ почнува денот, луѓето ужаснати

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin
Се вчитува....