Кристал Харис (39), вдовицата на основачот на Плејбој, Хју Хефнер, која беше 60 години помлада од него, повторно ја пронајде среќата. На своите следбеници на Инстаграм им ја откри радосната вест, објавувајќи серија професионални фотографии од венчавката на егзотична песочна плажа. Иако објавата беше без текст, придружена само со емотикони од бело срце, букет и прстен, фотографиите и честитките што следеа кажаа повеќе од зборови.
Нов почеток далеку од Плејбој
Како што пренесуваат светските медиуми, Кристал се омажила на 2 април 2026 година за Џејмс Вард (42), хавајски претприемач и морски биолог. Двојката го кажала судбоносното „да“ на интимна церемонија без гости на островот Аитутаки, дел од островите Кук, познат по една од најубавите лагуни во светот. Локацијата ја избрале поради нејзината изолираност и автентичност, далеку од големите хотелски комплекси.
Оваа одлука совршено се вклопува во приказната за трансформацијата на Кристал и нејзиниот нов почеток. Нејзиниот сопруг е основач на еколошката туристичка компанија SeeThroughSea, а нивната заедничка љубов кон природата и океанот се одразила и во деталите од венчавката. Кристал носела венчаница од дизајнерката Оксана Мука, украсена со повеќе од 5.400 Сваровски кристали, додека традиционалните хавајски и полинезиски елементи, како цветната круна (haku lei) и раскошниот букет, им оддале почит на корените на нејзиниот сопруг. Целата церемонија, од музиката до локацијата, ја славела природата и нивната поврзаност.
„Никогаш не го сакав вистински“
Оваа венчавка за Кристал претставува повеќе од брак – тоа е симболично затворање на едно болно поглавје и почеток на живот по сопствени правила. Таа беше во брак со Хју Хефнер од 2012 година до неговата смрт во 2017 година.
На почетокот на 2024 година ги објави мемоарите „Only Say Good Things: Surviving Playboy and Finding Myself“, во кои детално го опиша сложениот живот во вилата на Плејбој.
Во неодамнешни интервјуа, кои се совпаднаа со објавата за венчавката, отворено призна дека „никогаш не го сакала Хефнер вистински“ во романтична смисла, опишувајќи ја својата улога повеќе како негувателка на постара личност. Затоа медиумите нејзиниот нов брак го опишуваат како момент кога конечно пронашла партнерство засновано на рамноправност, далеку од рестриктивното опкружување од нејзиното минато.
Нејзиниот профил на Инстаграм, исполнет со сцени од патувања и природа, сведочат дека конечно го пронашла својот мир.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
