7.8 C
Скопје
23:44 - 30 март, 2026

Се огласи македонскиот натпреварувач кој ја обвини Вики Миљковиќ дека му барала мито: Им се обрати на сите кандидати

Поранешниот натпреварувач на српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Македонецот Александар Темелков, тврдеше дека неговата менторка Вики Миљковиќ му побарала мито, а откако таа поднесе опомена пред тужбата поради невистини, тој сега се правда дека сè било погрешно разбрано.

Вики Миљковиќ се огласи јавно и ги демантираше тврдењата дека некогаш барала пари од него, а сега и Темелков се огласи и вели дека тој никогаш не го кажал тоа, туку сè било извадено од контекст

– Драги мои фанови, обожаватели и следбеници, сакам да се огласам по повод случајот со мојата поранешна менторка Вики Миљковиќ. Досега не сум навредил ниту нападнал никого во мојата кариера, а најмалку би ја нападнал мојата поранешна менторка Вики Миљковиќ. Бев погрешно разбран поради мојата констатација во едно интервју и за тоа им се извинувам на сите што погрешно ја протолкуваа мојата изјава. Не нападнав никого и не упатив погрдни зборови ниту навреди, особено не на сметка на мојата поранешна менторка, ниту на сметка на „Гранд продукција“. Затоа на сите кандидати им посакувам многу среќа во понатамошното натпреварување – рекол поранешниот учесник во видеото што го сподели на социјалните мрежи.

Да потсетиме, во текот на вчерашниот ден, Вики објави фотографија на која се гледа дека покренала постапка против него, односно опомена пред тужба.

 

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....