18:06 - 8 април, 2026

Сараево веќе се подготвува за новогодишната ноќ: 400.000 евра за Северина

Хрватската пејачка Северина Вучковиќ ќе пее во Сараево на новогодишната ноќ 2025 година, а за нејзиниот настап ќе бидат издвоени 400.000 евра.

Таа ќе настапи во Сараево, пред Вечниот пламен, а во овој град се водеше голема полемика за вмешаноста на хрватската пејачка.

Имено, граѓаните на Сараево сметаат дека од буџетот ќе се издвојат премногу пари за хонорарот на Северина, со оглед на тоа што цената на нејзиниот настап во „најлудата ноќ“ изнесува дури 800.000 конвертибилни марки или околу 400.000 евра.

Поточно, според регионалните медиуи градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ, се обврзала дека Градот Сараево од буџетот ќе издвои близу 680.000 марки, кои со ДДВ изнесуваат околу 400.000 евра, поради што настана револт кај граѓаните.

Протестираат поради цифрата доделена за хонорарот на пејачката.

Слични објави

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Нина Ѓогани за ужасното насилство што го доживеала: „Ме тепаа и ме навредуваа“

Еспресо

Велигденски хит – рачно изработени свеќи што ќе ви го разубават домот

Еспресо

Јанг Дади се отвори за тешкиот период: Ме игнорираа

msp-admin

(Фото) Жељко Бебек прослави 24 години брак со својата 34 години помлада сопруга: „Тоа нешто наше“

Еспресо

На Здравко Чолиќ ќе му врачат димпломатски пасош на Босна и Херцеговина

Еспресо
Се вчитува....