6.8 C
Скопје
02:48 - 31 март, 2026

Сандра Булок ќе ја расфрли пепелта на покојниот партнер на Бахамите

сандра булок

Сандра Булок наводно планира пепелта на својот покоен партнер Брајан Рендл да ја расфрли во море, односно во крајбрежен луксузен рисорт, каде што тајно размениле завети.

Актерката (59) беше скршена од тага на почетокот на август кога фотографот со кого беше во врска осум години почина на 57-годишна возраст од АЛС (амиотрофична латерална склероза).

Брајан – угледен фотограф и поранешен модел – последните три години ги помина тивко водејќи битка со ретката невролошка болест, која предизвикува оштетување и губење на моторните неврони во мозокот и ‘рбетниот мозок.

„Дејли мејл“ цитира анонимни извори дека холивудската икона размислува да се збогува со Брајан во Three Bees на Бахамите, каде што очигледно сака да ја расфрли неговата пепел во морето.

Весникот пренесува дека тие имале неофицијална свадбена церемонија на ова место во 2017 година, три години пред да му ја дијагностицираат болеста – иако тие никогаш официјално не се венчале.

„Местото беше толку посебно за двајцата. Го зазедоа целиот остров за да може да бидат она што се, да не мора да глумат пред никого. Тоа беше место каде што споделуваа некои од своите најсреќни моменти, сами или со пријатели“, рече инсајдерот.

„Тие остануваа таму со недели. Има големо значење и симболика тоа да биде местото каде што таа ќе се збогува со него“.

„Дејли мејл“ дојде до фотографии од Брајан и од куќата на плажа, во која често престојувале.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....