-1.2 C
Скопје
19:09 - 22 декември, 2024

Разговор со д-р Симона Патчева, кардиохирург: Има простор за напредок и во Македонија, но треба многу работа

Д-р Симона Патчева е првата жена кардиохирург во Македонија која е дел од тимот на Клиника „Жан Митрев“.

Со само 30 години, д-р Симона Патчева ја менува реалноста во кардиохирургијата во Македонија и во пристапот и третманот на пациентите. Како дел од тимот на Клиника „Жан Митрев“ стана првата докторка во Македонија со специјализација кардиохирургија и е предводник на новата генерација кардиохирурзи со обука и знаење во современа технологија применета во спасување животи.

Што според вас е најважното во пристапот и третманот на болните?

– Најважна е емпатијата, човечноста, човек да се постави на место на оној кој има проблем, да се запрашаме како би се чувствувале доколку се работи за некој наш близок. Само тогаш може да се даде максимумот во негата, стопроцентно да се стават потребите на пациентот во тој момент на прво место.

Како единствени претставници од Македонија, заедно со ваш колега бевте дел од тимот што во Холандија го тестираше симулаторот со виртуелна реалност. Што ова претставува и каква новина носи во третманот на кардиолошките пациенти?

– Технологијата како и во останатите сфери од живеењето, така и во медицината, ќе олесни многу работи. Виртуелната реалност е само еден пример како истата може да се искористи во тренингот на нас младите хирурзи и како да се подобри развивањето на рутината во работењето. Симулаторот е наменет за едукација во областа на кардиохирургија, конкретно вклучување и исклучување пациенти од екстракорпорална циркулација, како и кардиопулмонална реанимација по кардиохируршка операција. Самиот симулатор се состои од ВР (virtual reality) очила кои се поврзани со палки кои се држат во рацете, а специјалниот софтвер на монитор ги емитува движења на специјализантот врз телото на виртуелниот пациент. Примената на ВР симулатор за учење и тренинг на млади кардиохирурзи има повеќе предности, пред се во конкретната едукација. Убаво е чувството да се има можност да се учествува во развивањето на оваа алатка со идеи и сугестии и активно како дел од тимот на крај да излеземе со готов продукт кој се надеваме да биде прифатен од европската асоцијација за кардио-торакална хирургија и да стане дел од редовниот тренинг на кардиохирурзите. Заради големите можности за учење и ваквиот начин на едукација и тренинг, овој симулатор се очекува да најде широка распространетост насекаде во светот веќе во следните неколку години.

Колку е важно следењето на современата технологија во медицинскиот пристап и какво е вашето искуство стекнато во Клиника „Жан Митрев“?

– За среќа, во Клиника „Жан Митрев“ се следат светските трендови, технологијата е високо искористена. Ретка болница кадешто сè е дигитализирано, сите податоци се електронски. За нас како генерација која што е израсната со компјутери е навистина лесно и практично што од таблет може да се отвори, на пример, епикризата на пациентот и да се споредат лабаратории преку графици кои автоматски ги изработува софтвер, без потреба да се пополнуваат тераписки листи како што тоа сè уште се прави на други места. Коронарографии, рентгени, сè тоа се отвора преку еден „клик“. Убаво е што има многу контролни точки и можноста од грешка значајно се намалува.

Какви се можностите за напредок на младите специјализанти во Македонија, што е потребно за да останете да работите дома?

– Има простор за напредок и во Македонија, меѓутоа треба многу работа. Како студент имав можност да почувствувам како е да се живее и работи во други системи. Навистина, специјализантите и младите лекари таму имаат среќа, имаат големи можности, огромен товар од грижа им е тргнат бидејќи државата се грижи за нив, нивна единствена задача е да учат, да дежураат и да се грижат за пациентите. Кај нас има многу останати административни работи, финансиски грижи, проблеми околу вработување доколку се работи за приватни специјализанти. Предноста што сум во приватна клиника за мене е голема, чувствувам сигурност, работам во систем каде што се наградува трудот и работата, колку ќе се вложи – толку и ќе се добие. Среќна сум што имам можност да учам од најдобриот кардиохирург и тоа е за мене најголем мотив да дадам сè од себе. Бидејќи знам дека еден ден ќе работам самостојно и тука нема простор за грешка или импровизација, или работиш како што треба или никако.

Дали тоа што се случува со обвинувањата кон Клиниката влијае врз вашата работа? Колку вие како медицинска лица го чувствувате тој притисок?

– Минавме низ доста стресен период, секако дека не е сеедно да се слушаат тие обвинувања. Секој од нас делумно тоа го почувствува и како личен напад. Ние сме еден тим, работевме во ковид-периодот неуморно, имавме и по 12 дежурства 24-часовни во текот на еден месец, тоа се многу часови откажување од својот личен живот за да помогнеме и да спасиме што повеќе луѓе. Не е пријатно чувството кога ќе се слушне дека не само што не се цени тој труд туку и најстрого е осуден. Сепак, мислам дека работата нѐ држи, неуморно работиме посотјано, па и немаме многу време да се посветиме на коментарите „од страна“.

Комерцијален текст.

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....