01:14 - 9 април, 2026

Првата жена која насликала гол маж: Леонор Фини, надреалистка која го инспирирала Диор

Леонор Фини, кралицата на парискиот боемски живот, била постојано присутна во весниците поради своите слики, илустрации и театарски дела, но и поради животниот стил.

Родена е во 1907 година во Буенос Аирес, а израснала во Трст, Италија.Уште како мала знаела дека сака да се занимава со уметност. Поради непристојно однесување била исфрлена од три училишта, а уште од дете го истражувала односот кон смртта и одела во мртовечници за да ги набљудува телата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonor Fini (@_leonorfini_)

На 17 години заминала на студии во Милано но се вљубила во италијанскиот принц Лоренцо и наскоро му се придружува во Париз со намера да се омажи за него. Бидејќи љубовната приказна меѓу нив немала среќен крај, Леонор останала во Париз, а Лоренцо се вратил во Милано.

Како амбициозна 24-годишна девојка, набргу влегла во парискиот круг на уметници, и станала неизбежен гостин на забавите и приватните изложби на парискиот круг. Се дружела со Елијар, Пикасо, Ернст, Картие, Бресон и Дали.

Првата изложба ја одржала во галеријата што ја водел Кристијан Диор, пред да се преориентира кон модата. Критиката добро ја прифатила и оваа и следните нејзини изложби. Нејзините две слики во 1936 година се прикажани на изложбата на надреалистите во Лондон и веднаш предизвикале скандал. На сликите се прикажани млади жени во бизарен и полуеротски ритуал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonor Fini (@_leonorfini_)

Во 1942 година насликала гол маж, кој воедно е и првиот таков акт насликан од женска рака. И во реалниот живот Леонор ги преминувала границите. Сама зборувала дека речиси никогаш не живеела само со една личност и дека повеќе сакала некој вид комуна, во својот дом полн со мачки, кои исто така ѝ биле опсесија, и во друштво со своите пријатели, еден маж што ѝ бил повеќе љубовник и втор што ѝ бил повеќе пријател.

По војната живеела со двајца италијански аристократи и 17 мачки во дворец во кој создала малку морничава атмосфера, со драперии, костури, кукли, ориентални килими и театарски костуми што ги креирала. И сама се облекувала необично, или многу удобно, со подигната или со распуштена коса.
Знаела да привлече внимание каде и да се појави, па дури и така што косата ќе ја обоела во сино, зелено, златно или така што на некоја забава ќе се појавела облечена само во бели пердуви и чизми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonor Fini (@_leonorfini_)

Во текот на животот постигнала и голем меѓународен успех, изложувала насекаде во светот. Починала во Париз во 1996 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leonor Fini (@_leonorfini_)

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....