07:31 - 3 април, 2026

„Посакајте ми среќа добри луѓе“: Зоки Фаци замина на лекување во Турција

Јутјуберот Стефан Лазаров на својот профил на Фејсбук минатата недела објави апел за помош на својот пријател Зоран Василевски попознат како Зоки Фаци. Лазаров тогаш објави дека се потребни 15.000 евра за операција на Зоки за да се избори со ракот, кој му беше дијагностициран пред три години. Донациите беа потребни за Зоки да оди на лекување во Истанбул.

Зоран предмалку објави на својот профил на Фејсбук дека заминува на лекување во Турција.

„Фала ти од срце Македонијо, посакајте ми среќа добри мои луѓе“, напиша Зоки на Фејсбук, објавувајќи фотографија од скопскиот аеродром од каде ќе замине за Турција.

Инаку, Лазаров пред неколку дена ја информираше јавноста дека Зоки ќе оди на лекување во Турција, благодарение на донациите.

„Здраво луѓе, можам да ве известам и израдувам дека Зоки официјално ќе се лекува во Турција поради вашата помош! Во моментов ја чека понудата од болницата и колку ќе чини целиот процес за да знаеме на што сме. Можам да ви потврдам дека сме при самиот крај, но најбитно од сè е дека веќе нема да се чека и за неколку дена тој оди во Истанбул. Да сте ми живи и здрави“, објави Лазаров.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....