13:29 - 8 април, 2026

Почина таткото на Марија Шерифовиќ, некогашниот тапанар Рајко Шерифовиќ

Почина тапанарот Рајко Шерифовиќ, татко на пејачката Марија Шерифовиќ. Рајко  починал по кратка и тешка болест, пренесува српски „Блиц“.

Бил роден во Крагуевац, каде живеел до последниот ден од својот живот. Бил познат тапанар и голем љубител на музиката.

Рајко во 1982 година се оженил со Верица Шерифовиќ, а од тој брак ја добил ќерката Марија. Поради низа проблеми, за кои зборуваа и Марија и Верица низ годините, тие ставиле крај на бракот во 2003 година.

Како што наведува „Блиц“, последен пат во јавноста Рајко се појавил на концертот на својата ќерка Марија во март оваа година.

Рајко го следел концертот од првите редови, а во еден момент ѝ наздравил. Марија тогаш не ја криела својата гордост што нејзиниот татко присуствува на нејзиниот концерт, заедно со мајка ѝ, Верица Шерифовиќ, со која и покрај несогласувањата во младоста, продолжија да бидат пријатели и секогаш тука за својата ќерка.

Слични објави

Мис Бугарија Венцислава Тафкова ја откри тајната за нејзиното убаво лице

apostolova

По 84 години Уран влегува во Близнаци – започнува седумгодишна ера на револуција и промени

Т.Ц.

Го заведе синот на најмоќниот Србин, а по неговата смрт ѝ замеруваа за операциите – вака изгледаше Николина Пишек некогаш

E.A.

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin
Се вчитува....