14.8 C
Скопје
10:54 - 26 април, 2024

По смртта на Шеик Калифа, допрва доаѓа моќта на Мохамед Бин Зајед: Кој е Мохамед, највлијателниот човек во Емиратите?

Со смртта на претседателот на федерацијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Калифа Бин Зајед, човекот по кој  го носи името најпознатиот облакодер Дубаи Бурџ Калифа, помалиот брат Мохамед Бин Зајед ќе преземе поголемата моќ со неспорна улога во регионот.

Најмоќниот човек на Блискиот Исток сега е уште помоќен. Во краткото официјално соопштение, Обединетите Арапски Емирати ја објавија смртта на шеикот Калифа бин Зајед Ал Нахјан, претседател на федерацијата што ги обединува седумте градови-држави предводени од Абу Даби. Иако официјално не е соопштено, претседателството со Емиратите, по периодот на жалост, ќе му помине на неговиот помлад брат Мохамед бин Зајед, кој од 2014 година – по пензионирањето на монархот од јавниот живот, погоден од срцев удар – ја води федерацијата, што го прави еден од најважните играчи на регионалната сцена. И преземајќи ја на себе улогата на нов архитект на судбините на арапскиот свет.

Калифа бин Зајед имаше 73 години и беше најстар син на шеикот Зајед бин Султан ал Нахјан, кој се смета за татко на Емиратите: тој го водеше Абу Даби, а заедно со него и федерацијата што е простира на бреговите на Персискиот Залив до Оманскиот Залив, од 2004 година. Во неговите години на власт, тој помогна да се промени ликот на Абу Даби иницирајќи проекти како што се изградбата на Лувр и диверзификацијата на економијата долго зависна од нафта и гас.

Но, неговото име е познато низ целиот свет, особено и поради највисоката кула на планетата, Бурџ Калифа во Дубаи. Зградата беше крстена во негова чест во 2010 година и е донекаде симболична за наследството на Калифа. Дубаи со години се обидуваше да го засени Абу Даби со фараонски архитектонски проекти и привлекување капитал од целиот свет: но во 2009 година ќе мораше да прогласи банкрот доколку финансиите на Абу Даби, засилени со политиката на Калифа, не дојдоа да го спасат. Оттука и изборот да му се оддаде почит на шеикот.

Како Мохамед се стекна со толкава моќ?

Сите очи сега се вперени во Мохамед Бин Зајед (роден во 1961), престолонаследник на Обединетите Арапски Емирати. Во 1991 година, кога Блискиот Исток беше во превирања по инвазијата на Кувајт од страна на Ирак на Садам Хусеин, Мохамед- штотуку излезен од англиското воено училиште каде учел да лета со хеликоптери, – притисна да им се придружи на САД. Тој добро знаеше дека на Вашингтон им требаат цврсти сојузници за да ја преземат воената кампања што наскоро ќе ги доведе Соединетите Држави до првата директна конфронтација со Садам. И така, тој го убедува својот татко, да вложат четири милијарди долари во касата на американското Министерство за финансии, на кое во тој момент му требаа пари за време на претстојниот конфликт.

Тоа е најважната пресвртница во историјата на неговото владеење, што лично му овозможи и пристап до многу важни простории во Вашингтон. И често, оттука натаму, тој е продолжена рака на американската политика во регионот.

Политичар кој најмногу го слушал Трамп

Во меѓувреме, Мохамед се образуваше за владетел: неговиот татко умира во 2004 година и го остава Калифа бин Зајед да хо презеде водството како негов најстар син. Мохамед Бин Зајед станува пак, наследник на Калифа, но во Абу Даби всушност тој најмногу ги влече конците. И во домашната и во надворешната политика, тој е врвот на билансот на секоја стратегија распоредена долж бреговите на Заливот. Стратегии засновани на експлоатација на огромни приходи благодарение на нафтените ресурси, благодарение на моќта и политиките за финансирање на сојузниците од регионот кои ги прават Емиратите една од најважните држави до сега за рамнотежа на арапскиот свет. За него, уште пред неколку години, пишуваше и „Њујорк Тајмс“, дека тој е најмоќниот лидер во арапскиот свет. И во Вашингтон, тпгашниот претседател Доналд Трамп често, според њујоршкиот дневен весник, му се обраќал на Мохамед за да се консултира за политиките на Блискиот Исток.

Но, сепак, не е злато сè што блеска. Секако, дека Мохамед е заслужен за тоа што Емиратите станаа важни и речиси суштински играчи во регионот и не само поради нафтата и гасот. Но често, сепак, многу негови избори се покажаа како погрешни, па дури и сомнителни, почнувајќи од акцентирањето на конфронтацијата меѓу сунитскиот свет и Иран, зад која стои раката на Мохамед, продолжувајќи кон конфликтот во Јемен…Според тоа, ако е вистина дека престолонаследникот на Емиратите е политичарот кој најмногу се слуша меѓу Арапите, но и од Западот, тогаш оние што го слушаат треба да имаат предвид одредена претпазливост при следењето на неговите одредени директиви. Згора на тоа, Мбз е многу практичен во меката моќ и во грижата за имиџот на федерацијата на Емиратите: од една страна, но од друга страна пак, реалноста зборува за избори кои се исто така агресивни и понекогаш длабоко погрешни.

 

Слични објави

Пејачка почина среде концерт, се сопнала од фустанот: Фатален удар на главата

еспресо

(Фото) Харис Џиновиќ се подмлади: Пејачот го промени имиџот и не носи веќе шешир

еспресо

Астропрогноза за петок, 26 април: Важни вести за Близнаците, добри можности за Биковите

еспресо

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva
Се вчитува....