21:29 - 31 јануари, 2026

(Фото) Пејачот од „Ѕвездите на Гранд“ обвинет за педофилија се огласи, еве што порача

Пејачот Махир Петровиќ, учесник во српското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, во чија куќа упадна полицијата поради обвинението дека ѝ праќал недолични пораки на малолетничка (15), сакајќи да ја намами во глуво доба на ноќта, се огласи.

Петровиќ по вчерашните вести, веднаш се огласи на Инстаграм и демантираше сè, наведувајќи дека „сè му е спакувано“.

– Ова што го пишувате за мене е чиста глупост. Излезете од мојот живот. Слушај педофилија, смешно е сè што можам да кажам. А тоа што се прават лажни профили и што се пишува и се поставуваат мои фотографии, не знам кој стои зад тоа, но не е во ред. Луѓе, оставете ме веќе, ве молам – напишал тој, а потоа додал:

– Луѓето кои ме познаваат, знаат кој сум. А, овие љубоморните и болни луѓе кои не знаат што да прават со својот живот, а што со сопствениот, па си го пикаат носот во туѓиот живот, ги поздравувам.

– Јас повторно ќе чекорам со крената глава, бидејќи знам дека не сум виновен. Љубомората е толку тешка болест.

Кој е Махир Петровиќ?

Уапсениот пејач пред две сезони се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“. Има 27 години и завршил фризерско училиште.

За себе тогаш рекол дека е упорен, а мана му е „долгиот јазик“, додека музички пример му е Јашар Ахмедовски.

Во текот на натпреварот тој истакнал дека често настапува, па поради тоа најмногу доаѓал со засипнат глас.

Да потсетиме, маж од Горњи Вакуф во полициската станица на ПС Горњи Вакуф го пријавил пејачот Махир Петровиќ, кој, според него, ја малтретирал неговата 15-годишна ќерка.

Таткото за босанскиот портал „Аваз“ изјавил дека тој самиот отишол во полиција да се пријави, бидејќи му го искршил автомобилот на пејачот, а откако утврдил дека тој праќал пораки на неговата малолетна ќерка да се сретнат среде ноќ.

Слични објави

„Новак не е робот, ова не е само спорт“: Марија Шерифовиќ јавно му се обрати на Ѓоковиќ

Еспресо

(Видео) Жешки пози пред камерата: Рада Манојловиќ без градник го „запали“ интернетот

Еспресо

(Фото) Северина во злато од глава до пети: Пејачката објави досега невидена фотографија од 2022 година

Еспресо

„Само никогаш немој да ми забраниш да го гледам моето дете“: Гоца Тржан проговори за расправиите со Раша

E.A.

„Неколку дена пред да го запознаам Каспер сакав да се замонашам “: Мина Костиќ за малку ќе оставела сè

E.A.

(Видео) Го препознавате ли ова малечко дете? Денес е значајно име на македонската музичка сцена

Еспресо
Се вчитува....