03:43 - 3 април, 2026

Пејачот Бојан Томовиќ ќе се жени со Албанка која ја запознал на психијатриска клиника: Двајцата се лекуваа од…

Пејачот Бојан Томовиќ се сврши со извесна Шкодрана (37), жена по потекло од Албанија. Како што пишува српски „Телеграф“, тие се запознале во психијатриска болница, каде и двајцата биле лекувани од алкохолизам и биполарно растројство.

Инаку, Бојан сега се вика Амар Моштрокол, бидејќи пред неколку години, според неговите сопствени тврдења, станал припадник на исламската вероисповед.

Бојан и Шкодрана, која живее на релација Албанија и Германија, почнале да се дружат во болница, а набргу потоа станале неразделни. По две недели врска се родиле емоции, а планираат да се венчаат и да живеат меѓу Германија и Црна Гора од каде што е Бојан, пренесува „Нова.рс“.

Да потсетиме, Бојан, кој навлезе во петтата деценија, пред еден месец итно беше хоспитализиран, кога внесол лекови кои потоа ги помешал со алкохол. Сопственикот на хитовите од 2000-тите, проговори за овој тежок случај и откри како се случило.

– На 8 март пеев со тамбурашите во ресторан во Сомбор и толку се опијанив и покрај антиалкохолистичкиот блокатор што го имам, што итната помош едвај ме вратија во живот- рекол Бојан.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....