6.8 C
Скопје
04:49 - 31 март, 2026

Осомничениот убиец на Тупак Шакур се соочува со обвинение откога се пофалил со убиството

Осомничениот убиец на славниот рапер Тупак Шакур се соочува со непосредно обвинение откога гангстер се пофалил со свирепото убиство во книга.

Детективите од одделот за убиства во Лас Вегас сега се оптимисти дека собрале доволно докази против водачот на бандата Комптон Крип, Киф Ди (60), за конечно да го затворат случајот „Тупак“ речиси 27 години по свирепото убиство. Рап-иконата беше застрелан на 7 септември 1996 во својот автомобил додека чекаше на семафор. Тој почина шест дена подоцна , на возраст од 25 години.

Упатени извори изјавија за американски „Сан“ (US Sun) дека полицијата, со поддршка на окружниот обвинител изградиле силен случај против Киф Ди, кој претходно признал дека помогнал во атентатот на Тупак.

Канцеларијата на окружниот обвинител треба да го претстави нивниот случај пред големата порота во Лас Вегас, потврдија два извори за весникот.

Тие открија дека набргу ќе биде поведена кривична постапка и дека окружниот обвинител ќе бара обвинение за убиство од прв степен, врз основа на законот во Невада.

Киф даде низа интервјуа и напиша мемоари насловени Compton Street Legend признавајќи ја својата улога во убиството на славниот рапер. Тој во книгата тврди дека на својот внук Орландо Андерсон му го дал оружјето со кое било извршено убиството.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....