21:41 - 5 април, 2026

Ортопед од Загреб окри сè за состојбата на Лепа Брена: „Кај вакви повреди…“

Регионалната ѕвезда Лепа Брена заврши на операција откако го скрши зглобот на третиот концерт во Арена Загреб, а сега се огласи и ортопедот Младен Мишкулин кој кажа колку долго може да потрае закрепнувањето.

„Со вакви повреди опоравувањето трае два ипол до три месеци. Тоа е повреда која е доста захтевна за рехабилитација, особено за некој што има таков сценски настап како што има Лепа Брена“, објаснил д-р Мишкулин за „РТЛ Данас“.

За несреќата проговори и Сенида Хајдарпашиќ, попозната како Сенида, која таа вечер беше прва гостинка на концертот на Брена.

„Јас стоев зад бината, го слушав концертот. И во тој момент некој ми пријде и ми рече: „Ах, Брена! Еден човек падна врз Брена, ја повреди…“ И не знаев што ќе се случи, дали таа ќе продолжи или ќе го прекине концертот… Не знам какви болки имаше. Таа беше повеќе загрижена за тоа момче отколку за себе. како: ‘Вие нема да ми кажете дали момчето е добро’. Повеќе беше загрижена за него, отколку за себе. Жената дури и се расплака. Верувам дека би направила четврти концерт ако може, макар и со конци на ногата“, изјавила пејачката.

Поради повредата Брена ги одложи концертите кои беа закажани за 10 и 16 декември, а новите термини за концертите се 21 и 22 март 2025 година.

 

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....