21:41 - 5 април, 2026

Нозете врзани со селотејп, а на главата тегови: Пронајдена мртва учесничка на реалното шоу „Парови“

Вољенка Илиќ, поранешната учесничка на реалното шоу „Парови“ е пронајдена мртва во базенот на нејзината резиденција во Доминиканската Република. Живеела во провинцијата Пуерто Плата.

Нејзиното тело било откриено во базенот во нејзиниот дом, со врзани нозе со селотејп и тегови закачени на главата, пишува „Доминикана тудеј“.

Медицинските експерти заклучиле дека таа починала од задушување. Оваа трагедија се случи во четвртокот попладне во вилата К184 во населбата Перла Марина.

Според информациите, во куќата на Илиќ дошла една државјанка на Србија, чие име не е познато, на барање на роднините, кои неколку дена не можеле да контактираат со неа. Токму таа го открила телото.

Весникот „Доминикана тудеј“ пишува дека на имотот било пронајдено писмо на српски јазик, во кое Вољенка Илиќ напишала дека не сака да продолжи да живее.

Полицијата и Министерството за јавност вршат детална истрага за да се утврди дали се работи за самоубиство или убиство.

Инаку, телото на Вољенка Илиќ е пренесено во Националниот институт за форензички науки во Сантијаго, каде ќе биде извршена обдукција.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....