12:42 - 5 декември, 2025

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Придобивки од дигитализација и интеграција на податоци во медицината

Потребата и користа од дигиталната трансформација на процесите и податоците во медицинската пракса беа во фокусот на дискусијата на конференцијата што се одржа во Клиника „Жан Митрев“.

Темата „Придобивки од дигитализација и интеграција на податоци во медицината“ беше интересна за лекарите, студентите, ИТ-фирмите со фокус во здравството, МАСИТ и претставници на министерствата.

Дејан Христовски од ИТ-одделот на Клиниката „Жан Митрев“, ги сподели искуствата од интеграцијата на податоци и предизвиците на тимот за дигитална трансформација во Клиничката болница „Жан Митрев“, како здравствен центар кој комплетно ја има имплементирано дигитализацијата во сите процеси од секојдневното функционирање.

Со практични примери тој ги презентираше придобивките од направената дигитализација, со што болницата уште пред неколку години стана лидер во регионот, која нуди комплетно електронско следење на пациентот, без хартиена документација и без можност за злоупотреба на податоците.

На конференцијата своето видување за овој процес претстави и д-р Горан Кунгуловски, дискутирајќи на тема „Користење на јавни биг-дата сетови за унапредување на скрининг методи и терапии во рак“, потоа д-р Миодраг Цекиќ, за „Онкологија од следната генерација: Вештачка интелигенција во биоинженерството за персонализиран третман на колоректален карцином“ и Синиша Јовиќ, кој дискутираше на тема „Беспрекорна интеграција на податоци од медицински уреди: надминување на тековните предизвици.“

Конференцијата се одржа во Клиниката „Жан Митрев“ во соработка со Проксиад (Proxiad) – регионална ИТ-компанија за дигитални трансформации.

Експертскиот тим на Клиника „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете навреме термин или консултација на тел. 02 3091 484.

Комерцијален текст.

Слични објави

(Фото) Згодни жени околу него: Вака Владо Јаневски прослави роденден

Еспресо

Сака повозрасни партнери: Еве колку години е постар новиот дечко на Јована Јеремиќ!

Еспресо

(Видео) Односот со поранешната жена не ми е добар, а ќерка ми живее со мене: Коки ја отвори душата

msp-admin

(Фото) Познатите ги китат луксузните домови: Кавги околу изборот на елка пред 2026!

Еспресо

(Видео) Ќерка ѝ на Ели Танасковска се врати од Канада, водителката ја раскажа вистината

Еспресо

Обожавателка среде концерт ме замоли да го откријам полот на нејзиното бебе: Ацо Пејовиќ во Скопје раскажа интересна анегдота

Еспресо
Се вчитува....