10.8 C
Скопје
11:08 - 18 март, 2026

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Клиника „Жан Митрев“ официјално акредитирана како европски центар за третман на дебелина

Клиника „Жан Митрев“ станува прв и единствен EASO-COM акредитиран центар во рамките на приватна здравствена установа во целиот Балкански регион, позиционирајќи ја Клиниката како регионален референтен центар за современ, интегриран и научно заснован третман на дебелина.

Центарот за менаџмент на обезност (дебелината) при Клиника „Жан Митрев“ се стекна со престижниот статус EASO Collaborating Centre for Obesity Management (COM) и е официјално акредитиран од Европската асоцијација за проучување на обезноста (EASO) за периодот од 2026 до 2028 година, со што станува признат како водечки центар за третман на обезност на европско ниво. Оваа акредитација претставува највисоко европско признание во областа на третманот на обезноста и се доделува исклучиво на центри што ги исполнуваат најстрогите медицински, научни и организациски критериуми, во согласност со европските и академските клинички упатства. Процесот на акредитација вклучува темелна евалуација од EASO COM Working Group, која ја потврдува клиничката извонредност, мултидисциплинарниот пристап и долгорочната грижа за пациентите.

Со ова признание, Клиника „Жан Митрев“ станува прв и единствен EASO-COM акредитиран центар во рамките на приватна здравствена установа во целиот Балкански регион, позиционирајќи ја Клиниката како регионален референтен центар за современ, интегриран и научно заснован третман на дебелина.

EASO COM акредитацијата е директна гаранција за пациентите дека третманот на обезност во Клиника „Жан Митрев“ се спроведува според највисоки европски стандарди и носи конкретни придобивки: лекување и примена на валидирани клинички протоколи, структуриран пациентски пат и континуирано следење на резултатите. Овозможува пристап до најновите научни достигнувања и современи терапии преку вклученост во европски експертски мрежи, размена на знаења и имплементација на најнови терапевтски пристапи во третманот на обезноста, како и соработка со врвни европски медицински центри во EASO COM мрежата, во креирање европски консензус-насоки и заеднички стручни иницијативи.
Центарот за менаџмент на обезност е раководен од д-р Џулиана Михајловска, специјалист ендокринолог, чија стручност, посветеност и професионализам беа клучни во процесот на стекнување на ова високо европско признание.

Третманот се спроведува преку мултидисциплинарен тим, составен од ендокринолог, генетичар, физиотерапевт, психолог, психијатар, како и други медицински специјалности по потреба, што овозможува сеопфатен, персонализиран и долгорочен пристап кон обезноста како хронично и комплексно заболување.

Со оваа акредитација, Клиника „Жан Митрев“ уште еднаш ја потврдува својата мисија да обезбеди европски стандарди, медицинска прецизност и врвна грижа за пациентите, поставувајќи нови стандарди во современото здравство.

Д-р Џулиана Михајловска
Специјалист по ендокринологија

Закажете го вашиот термин за преглед во Клиника „Жан Митрев“ или за консултација на 02 3091 484

Комерцијален текст.

Слични објави

(Фото) Наде Телевска во најсекси издание: Ослабе и комплетно се промени

Еспресо

Не го преболела: Николина Пишек со трогателен гест за покојниот сопруг

Еспресо

(Фото) Дани „раскомотена“ на масажа, без трошка шминка

Еспресо

Харис Џиновиќ станал познат на среќа, му се паднало „бинго“

Еспресо

Хороскоп за 18 март: Овните ќе добијат убави вести за нова работа, Близнаците се вљубени до уши

Еспресо

„Изгубив половина од себе“: Дарко Лазиќ сподели емотивен спомен за братот Драган

Еспресо
Се вчитува....