18:52 - 27 декември, 2025

Нова пандемија е неизбежна: Лекарите откриваат како да се подготвите, а можеби и да ја спречите

Иако се согласува дека сме научиле многу за тоа како да останеме здрави и да се заштитиме, д-р Том Фриден, поранешен директор на Американскиот центар за контрола на болести, наведува дека еднакво стравува дека сега ќе дојдеме во фаза на занемарување кога забораваме на важните мерки за заштита кои помагаат при спречување на ширење на вирусот и пандемијата. Тој смета дека уште една пандемија е неизбежна бидејќи живееме во такво време и се помалку е потребно да некој вирус премине од животно на човек, па секоја година ризикот е се поголем. Дали ќе се држиме до навиките кои сега ги стекнавме, зависи од нас, но многу нешта зависат и од здравствениот систем, економијата, едукацијата.

Еве што стручњаците сметаат дека мораме да знаеме и да правиме за во иднина да можеме да превенираме пандемии и да го заштитиме своето здравје.

Заштита на природата
Превенцијата на пандемија значи и дека ни треба подобар систем на заштита на природата за таа да не ни врати поради негрижата, вели д-р Фриден. Според студиите, ризикот е поголем доколку се нарушат природните живеалишта на животните или, на пример, продажба на диви животни на пазарите. Шансите вирусот да се прошири од животните на човекот се исто така поголеми кога тие имаат слична ДНК или живеат во близина долго време. Размислувањето за заштита на природата е апсолутен приоритет и секој може да учествува.

Треба да се реагира навреме и брзо
Заразните болести мора веднаш да се препознаат за да се превенира ширење. “Мојата група предложи цел што ја нарекуваме 7-1-7, а тоа значи да секоја поголема појава на вирусот мора да се открие во рок од 7 дена, да се пријави во рок од еден ден, а сите мерки за заштита мора да бидат вклучени во рок од 7 дена. Ова ќе овозможи работите брзо да се идентификуваат и исто толку брзо да се поправат“, објаснува д-р Фриден.

Подобрување на комуникацијата
Лекарот наведува и дека денес постојат многу подобри алатки со чија помош лесно може да се открие заразна болест, но исто така во моментов сме и особено ранливи, бидејќи нема доверба кога е во прашање комуникацијата помеѓу владите и здравствениот систем.

ЦДЦ буквално напиша книга за комуникација во јавното здравство во која се наведува дека е потребно да се биде брз, да се има докази, емпатија, на луѓето да им се даваат практични совети како да се заштитат себеси и семејството, но тоа не се почитуваше и страдавме поради тоа“, наведува д-р Фриден.

Д-р Рошел Валенски, директорка на ЦДЦ, наведува дека комуникацијата била предизвикувачка во текот на пандемијата.

„Мораме да носиме одлуки со нецелосни податоци во тешки времиња. Науката мора многу добро да се разбере пред да се донесе одлука“, додава таа.

Остатокот од текстот можете да го прочитате не СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Слични објави

(Видео) Зорица Брунцлик го поддржа градоначалникот на Бања Лука: Драшко Станивуковиќ се закано со казни до 50.000 евра за настапите на Десингерица

Еспресо

„Ми пукнаа панталоните, а немав други“: Драма пред концерт, Цеца Ражнатовиќ настапи во комбинација позајмена од другарка

Еспресо

Диди Џеј купува куќа на Флорида: Пејачката планира да потроши милиони, соседи ќе ѝ бидат светски ѕвезди

Еспресо

Целосно се повлече: Ѓина Џиновиќ се исклучи од социјалните мрежи, еве што е причината

Еспресо

Еве зошто Милица Тодоровиќ одлучила да зачува матични клетки по породувањето!

Еспресо

Хороскоп за 27 декември: Биковите претерано ќе трошат пари, Вагите ќе нижат успеси

Еспресо
Се вчитува....