10:00 - 14 ноември, 2026

Нивес Целзиус проговори за нејзиниот поранешен сопруг, порнографијата и во какво време живееме денес: „Како општество сe уназадуваме“

Пејачка, актерка, писателка и инфлуенсерка Нивес Целзију отоврено ќе зборува  за се она што е актуелна тема во последниов период но и за својот живот. Таа вечерва ќе биде гостинка во популарниот подкаст „Шоу на квадрат“, чиј водител е новинарот Звонимир Милаковиќ.

Дел од нејзината изјава веќе предизвика вистинска возбуда во коментарите на социјалните мрежи, бидејќи Нивес е личност која не се двоуми отворено да зборува за многу теми.

– Она што ме плаши во последно време е што забележувам дека се уназадуваме како општество. Без разлика колку прогресивно изгледа, имањето „култура на мода“ и слично… Се сеќавам кога бев помлада, беше најнормално да се види жена гола во топлес, мали девојчиња како безгрижно трчаат наоколу без костими за капење. А потоа стигнавме до точката дека е невозможно бидејќи можеби ќе предизвика некаков вид возбуда кај некого. Ги облекуваме децата во тие костими за капење за да не предизвика некој педофил некаков вид возбуда таму – изјави Нивес.

Покрај тоа, таа се осврна и на порнографијата како одмазда, дали Хрватска доволно ги штити жените, нејзината врска со нејзиниот поранешен сопруг, пензионираниот фудбалер Дино Дрпиќ, и неговата девојка, и го откри својот идеален тип маж. Таа коментираше и за Иво Санадер и неговото ослободување од затвор, што го спомена во својата книга „Гола вистина 2“. Таа ни откри и дали е вистина дека имала секс среде Максимир со својот тогашен сопруг.

Слични објави

Дневен хороскоп за 15 ноември: Искористете го денот за релаксација

Е.А.

(Фото) Јелена Ѓоковиќ се појави на премиера во Белград со чанта од 4.000 долари

Еспресо

(Фото) Издроби леб во млеко и го посипа со шеќер: Дарко Лазиќ покажа што јаде за вечера, далеку од луксузот

Еспресо

Смртен случај во семејството на Милица Тодоровиќ: Пејачката го загуби дедо си, мајка ѝ се прости со емотивна порака

Еспресо

Богдана Ражнатовиќ повторно ја отвори расправата за костимот на синот: Сподели објава од воспитувачка со јасна порака за здолништата за момчиња

Еспресо

Српската пејачка се бореше со рак, сега објави список на познати личности што ѝ пружиле поддршка – само 8 од нив

Еспресо
Се вчитува....