11.8 C
Скопје
08:30 - 30 октомври, 2026

НЕЈЗИНА РАБОТА е да го избере совршеното име за бебињата и тоа ЗА „САМО“ 1.000 ДОЛАРИ по дете

Идните родители им плаќаат повеќе од 1.500 долари на „професионалните именувачи на деца“ чија задача е да го изберат совршеното име за нивното бебе.

Американката Тејлор А. Хемфри (33) помогнала повеќе од 100 бебиња да ги добијат своите имиња во 2020 година, заработувајќи за тоа повеќе од 150.000 долари. Некои родители во паника и плаќаат и до 10.000 долари да им помогне да изберат совршено име за нивното бебе.

„Ако ги погледнете најпопуларните имиња за бебиња, ќе видите дека тоа е толку предавнички знак за нашите културни вредности и аспирации“, изјави Тејлор за New York Post.

Претприемачката од Њујорк, која нема деца, се рекламира себеси како „страсна писателка и раскажувачка“, која е „вешта во брендирање, маркетинг и социјални медиуми“.

Поранешната студентка на Универзитетот во Њујорк работела со парови како „стројник“, собирала пари за разни акции и организирала настани. Според нејзиниот профил на LinkedIn, таа се занимава со реики и напишала две долгометражни сценарија и еден ТВ пилот кои ги истражуваат религијата, духовноста, науката, футуризмот и безусловната, трајна природа на љубовта“.

Сепак, Тејлор вели дека отсекогаш била опседната со имињата на бебињата и дека конечно го нашла вистинскиот повик кога го основала својот сопствен бизнис „What’s in a Baby Name“ во 2015 година.

Во зависност од тоа колку плаќаат идните родители, нејзините услуги се движат од телефонски повик и список со имиња до генеалошко истражување чија цел е да се откријат старите семејни имиња.

Неодамна иновативната бизнисменка избра име Паркс за бебе чии родители прв пат се бакнале во градот Паркер.

Хемфри советувала една загрижена мајка која размислувала да го смени името на нејзината ќерка Исла бидејќи постојано погрешно се изговарало, и била платена затоа што и рекла на мајката да го задржи шкотското име.

Тејлор води и популарна страна на Тикток каде што често нуди бесплатни совети.
Таа вели дека често ѝ приоѓаат родители што добиле трето или четврто дете и очигледно немаат идеи за имиња.

Во неодамнешното видео на тикток Тејлор ја советуваше мајката што го чека своето трето бебе и ѝ треба име што ќе одговара на имињата на нејзините два постари сина, Емет и Милер.
Најдобрите избори што и ги понуди на жената беа Грејди, Вилсон, Вејлон и Флечер.

Додека некои би можеле да ги обвинат паровите дека се мрзливи затоа што плаќаат некого да го именува нивното дете, Хемфри инсистира дека тие родители се само вознемирени перфекционисти.
Ако не се одлучат за имињата што ги понудила, таа вели дека бебињата често имаат две имиња, од кои второто е нејзин избор.

„Понекогаш ќе видите име како Брејв (храбар) на мојата листа и ќе си помислите: „Нема шанси да го наречам моето дете Брејв“, објаснува Хемфри, додавајќи дека во тој случај не би било лошо тоа име да се стави на списокот на можни средни имиња на децата.

Слични објави

Дневен хороскоп за 30 октомври: Обрнете внимание на деталите што би можеле да предизвикаат недоразбирање

apostolova

Зошто толку нè вознемирува кога некој не ни одговара на порака? Психологијата го објаснува стравот што се крие зад чекањето

К.С.

Емина Јаховиќ со необични совети за детоксикација: „Ако немате сауна, влезете во автомобилот и вклучете го греењето на најсилно“

Еспресо

Уна Чолиќ доби подарок од 7.000 евра од дечкото – го прослави својот 25-ти роденден во Виена

Еспресо

Дара Бубамара подготвува полнолетство на синот, а најави и свадба и желба за уште едно дете

Еспресо

(Фото) Бресквица го покажа новиот дечко – ужива со него во авантурите во Дубаи

Еспресо
Се вчитува....