18.1 C
Скопје
02:23 - 11 јули, 2026

На Гал Гадот во бременоста ѝ нашле крвно згрутчување во мозокот, итно била оперирана

Актерката Гал Гадот, најпозната по улогата во филмот „Чудесна жена“ (Wonder Woman), си ја отвори душата за тешкиот период низ кој поминала во последната бременост. Гал во март роди девојче, а поради здравствени проблеми морала да оди на итна операција во осмиот месец од бременоста.
Гадот тогаш страдала од болни главоболки, што на крајот ја навело да ја открие „застрашувачката вистина“.

„Во февруари, во текот на осмиот месец од бременоста, ми беше дијагностицирано големо згрутчување на крвта во мозокот. Страдав со недели од мачни главоболки поради кои цело време бев во кревет, додека конечно не отидов на магнетна резонанца која ја откри страшната вистина“, напишала Гал на социјалните мрежи.

Нејзините здравствени проблеми, вели таа, биле „потсетник за тоа колку брзо сè може да се промени“ и колку „животот е непредвидлив“.

„Среде тешката година, сè што сакав беше да издржам и да живеам. Отидовме во болница и за неколку часа имав итна операција. Мојата ќерка Ори се роди во тој момент на неизвесност и страв“, додала актерката, која во март објави дека родила ќерка.

Таа во својата објава додала дека името Ори, кое таа и нејзиниот сопруг Јарон Варсано му го дале на девојчето, не е случајно избрано. Инаку, Ори на хебрејски значи „моја светлина“.

„Пред операцијата му реков на Јарон дека, кога ќе пристигне нашата ќерка, таа ќе биде светлината што ме чека на крајот од овој тунел“, рече актерката.

Гал изјавила дека е здрава денес и се заблагодарила на медицинскиот персонал кој ѝ помогнал на патот кон закрепнувањето.

„Денес сум целосно излекувана и исполнета со благодарност за животот што ми беше вратен. Ова искуство ме научи многу работи“, рекла таа.

Гал ги повикала своите обожаватели „да го слушаат своето тело“ и „да веруваат во она што ви го кажува“. Таа додала дека не сака никого да плаши со својата објава, туку да ги охрабри луѓето и да ги поттикне да се грижат за своето здравје.

Актерката подоцна се огласилаи во коментарите под објавата, пишувајќи за раѓањето на својата ќерка.

„Раѓањето е чудо, потврда за силата и издржливоста на нашето тело и дух. Но, тоа бара многу од нас и нè потсетува дека мора да се грижиме за себе, како што се грижиме за другите. Мојата ќерка Ори е постојано потсетување на издржливоста, надежта и силата што ги носиме во себе“, истакна таа.

Инаку, Гал и нејзиниот сопруг, заедно со Ори, имаат уште три ќерки – Алма, Маја и Даниела.

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ позираше во тесни хеланки и кратка маичка – пејачката ослабе, се пофали со својата трансформација

Еспресо

(Фото) Ена Чолиќ во жешко издание – позираше во минијатурно бикини на плажите во Грција

Еспресо

(Фото) „Те сакаме бескрајно“: Ана Севиќ и Дарко Лазиќ го прославуваат роденденот на ќерката Лорена

Еспресо

Ретка приказна за Кире Костов објавена три години по неговото заминување

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ по 7 месеци се огласи од Шпанија: Цврсто ја прегрнал сопругата, па испрати порака што збуни многумина

Еспресо

Совршен подарок: Мали уметнички дела од восок – креации што го разубавуваат секој простор

Еспресо
Се вчитува....