05:16 - 6 април, 2026

Море, ѕвезди и љубов: Данијела Мартиновиќ под прекривка од илјадници ѕвезди

Данијела Мартиновиќ уште еднаш покажа колку ужива во едноставните работи. Наместо луксузен одмор, таа одлучи да преноќи под шатор на плажа.

– Повторно во хотел со илјада ѕвездички – напиша пејачката на Инстаграм покрај фотографиите од одморот.

Веќе претходно призна колку ги сака ваквите моменти, а во друштво на нејзиниот партнер, поранешниот крим-инспектор Јосип Плавиќ, тие стануваат уште попосебни.

Данијела и Јосип се во врска повеќе од две години. Се запознале во пролетта 2022 година во полициска станица, каде што пејачката дошла да поднесе пријава поради лажни страници што го користеле нејзиното име. Тој тогаш работел како криминалистички инспектор, а нивната средба набрзо прераснала во љубов. Оттогаш, тие го делат секојдневието, а Даниела не крие колку е среќна што тој е во нејзиниот живот.

-На секоја жена би ѝ посакала да се чувствува како мене, а потоа и на секој маж, едноставно да знаеш дека си пристигнал и дека сè е во апсолутно совршен мир и некаков спокој, а потоа сè функционира само по себе – изјави пејачката претходно за IN magazin.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....