7.8 C
Скопје
01:07 - 31 март, 2026

„Моето тело пратете го во Чачак, а срцето оставете го во Љубљана“: Бора Чорба во песна ја изрази последната желба

Фронтменот на „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ почина во болница во Љубљана како последица на тешко воспаление на белите дробови.

Рокерот секогаш беше отворен и јавно зборуваше без да се воздржува на бројни теми. Како чачанец истакна дека и покрај повеќедецениската кариера бил нервозен кога настапувал во родниот град.

– Роден сум во Чачак и бев многу возбуден кога го добив признанието почесен граѓанин. Јас сум чачанец, кој работи привремено таму некаде, сите ние што сме надвор од Чачак еден ден ќе се вратиме на падините на Јелица за да останеме трајно во Чачак – зборуваше со шеговит тон, а за приказните дека заслужил една од улиците во неговиот роден град да го носи неговото име, тој рече:

– Обично тоа признание го даваат постхумно, а постхумно не ми значи многу, бидејќи нема да знам. Би сакал да доживеам такво нешто во Чачак. Додуша, имам нешто слично во белградската зоолошка градина, таму има патека наречена сокакот на Бора – рекол тогаш Бора и додал:

– Голема е одговорноста да свирам во Чачак, јас во мојот град секогаш имам трема, дури и сега на оваа возраст – објаснил тој.

За време на концертот во Чачак, тој ја рецитирал песната „Две гитаре“, која ја напишал заедно со покојниот басист Миша Алексиќ и со која ја расплакал публиката, а на чачаните во аманет им ја оставил како последна желба на Чачанци:

„Испратете го моето тело во Чачак, во Србија, а срцето оставете ми го во Љубљана, нека биде таму. Не трошете си ги парите, јас не сум толку важен лик“.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....