-1.2 C
Скопје
04:46 - 22 ноември, 2024

Милионски договор стои зад враќањето на Шарлен во Монако, утврдено е и старателството на близнаците

Принцот Алберт ќе потпишел договор со сопругата кој предвидува исплата на 12 милиони евра годишно. Исто така, во договорот е дефинирано и присуството на принцезата на јавни настани и старателство над близнаците, открива францускиот неделник Voici.

Кралското семејство од Монако и обожавателите на круната здивнаа кога повторно ја видоа Шарлен покрај принцот Алберт, покрај малите Габриела и Жак, на јавен настан по повеќе од една година отсуство. Воздишка на олеснување која, сепак, може да има цена: точно 12 милиони евра годишно.

Според францускиот неделник Voici, зад враќањето на Шарлен на Рока стои прилично тежок договор за принцот Алберт. Принцезата, всушност, ќе го натера да потпише обврска да ѝ плаќа „12 милиони евра годишно“, како и други многу тајни клаузули кои во секој случај ветуваат дека ќе бидат обврзувачки и за принцезата и за кралството. Некои извори откриваат дека Шарлен одлучила да се пресели во Швајцарија, каде што веќе нашла дом, и да патува оттаму до Монако и назад, во зависност од потребите и официјалните обврски, помеѓу нејзината нова резиденција и Кнежеството Монако.

Најтажната принцеза на светот ќе мора да се појавува и неколку пати во годината на јавни настани, фото-инстаграм

Според Voici, Шарлен ќе мора да биде присутна на пример „на Гран при во Монако, на Националниот ден“ и на уште два три важни настани кои се под покровителство на кралската палата, секако и на Светиот заштитник на Монако кој се слави на 26 и 27 јануари.

Утврдено е и старателството над близнаците Жак и Габриела, кои треба да останат во кралството,  со исклучок на училишниот распуст, кој ќе го поминат заедно со својата мајка.

Договорот потпишан од кралската двојка би бил воедно и договор да се сочува угледот на кралското семејство.

Засега нема коментари од кралската палата, но всушност ова би можело да биде единственото решение да се стави крај на многуте гласини кои се шират една година, откако Шарлен го напушти Монако за да се врати во Јужна Африка. Патување кое се претвори во вистинско искушение за кралското семејство.

Беа потребни седум месеци за да се врати во Монте Карло, но само неколку дена, бидејќи тогаш Шарлен се пресели во швајцарска клиника од здравствени причини. Алберт беше принуден да зборува јасно пред новинарите два три пати. „Тоа не е Ковид, не е рак и нема никаква врска со нашата врска. И естетската хирургија нема никаква врска со тоа “, објаснуваше принцот. А потоа, требаше и да ја исповеда својата длабока тага: „Тежок период. Немам право да бидам тажен иако секако дека сум. Но, знам дека е на безбедно место, дека ќе биде подобра и дека тоа е најдоброто решение за неа во моментов“.

По гласините за претстојниот развод, овој договор сигурно изгледа како подобра опција.

 

 

Слични објави

Поранешна помошничка на Лепа Брена откри каква е пејачката приватно: Eдна работа никогаш нема да ѝ ја заборави

Еспресо

(Фото) Босански пејач доживеа сообраќајна несреќа во центарот на Белград! Автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

(Фото+видео) Неда Украден подготвена за куќната слава, пејачката виткаше сарма со внуката

Еспресо

(Фото) Тело како на божица! Наташа Беквалац во проѕирен тил ги покажа градите и рамниот стомак

Еспресо

(ФОТО) Дарко Лазиќ и Катарина ја крстија ќерката: Малата Срна е преслатка во бел фустан со панделка на глава

Еспресо

(Фото) Анастасија Гудељ засукала ракави и направила пита: Рецептот се подготвува брзо и лесно

Еспресо
Се вчитува....