8.8 C
Скопје
09:48 - 31 март, 2026

Милица Тодоровиќ тајно го организира крштевањето на новородениот син Богдан, избрала и место за убавиот чин

Српската пејачка Милица Тодоровиќ неодамна го роди своето прво дете, синот Богдан, за кого веќе се подготвува за крштевање.

Веќе на почетокот, веста за раѓањето на малиот Богдан падна во втор план, со оглед на тоа што се дозна дека таткото на нејзиното дете е законски оженет, па дури и се огласи и жената која тврди дека е негова сопруга.

Откако се смири бурата во јавноста, Милица секој ден непречено ужива во својот син во мајчинството, а сега е откриено дека планира крштевањето да го организира во наредниот период, и тоа во строга тајност, далеку од очите на јавноста.

Познато е дека Милица е верник, па одлучила овој свет чин да го изврши во еден манастир во близина на Белград, пренесува српски „Информер“.

– Милица ужива во мајчинството и се обидува да го помине секој слободен момент со Богдан. Таа сака сè да биде скромно, но убаво и достоинствено – откри извор близок до пејачката.

Прославата по повод крштевката на бебето ќе биде интимна во кругот на најблиските.

Малиот Богдан наскоро ќе наполни 40 дена, а најголемата поддршка и помош на пејачката во организирањето на светиот чин ѝ ја пружа нејзиниот партнер.

Слични објави

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо
Се вчитува....