13.8 C
Скопје
21:12 - 26 март, 2026

Маргот Роби добила 12,5 милиони долари за улогата во „Барби“

„Вараети“ дознава дека Маргот Роби добила 12,5 милиони долари за улогата на Барби. Исто толку добил и Рајан Гослинг, кој го глуми нејзиниот бескрајно верен придружник Кен.

Австралиската актерка беше најплатената актерка во 2022 година благодарение на овој филм. Сумата што ја доби го надмина нејзиниот претходен највисок хонорар од 10 милиони долари за блокбастерот Birds of Prey од 2020 година, во кој ја глумеше Харли Квин.

Mаргот уште во 2014 година изјави дека отсекогаш имала силна работна етика и дека секогаш штедела. „Работев три работи истовремено. Во аптека, во канцеларија, во магацин, се занимавав со кетеринг… Секогаш се трудев да заштедам пари“, изјави таа во една пригода.

Се чини дека успеала. Според „Селебрити нет ворт“, нето-вредноста на холивудската миленичка се проценува на 40 милиони долари. Своето богатство го стекна од филмови, соработки со големи брендови, како „Шанел“, и сопственост на недвижности.

Филмот за најпознатата кукла на светот заработи 155 милиони долари на американските киноблагајни изминатиов викенд. Медиумите потсетуваат дека претпремиерата во четвртокот го надмина претходниот рекорд за претпремиери од 17,5 милиони долари, што го држеше „Чувари на галкасијата 3“ (Guardians of the Galaxy Vol.3).

Слични објави

Како девојче – Јелена Розга ги „запали“ социјалните мрежи со фотка од Калифорнија

Е.А.

Испливаа детали за раскинувањето: Откриено што точно ѝ пресудило на врската меѓу Лука Дончиќ и Анамарија Голтес

Еспресо

10 години без Маринко Маџгаљ: Пријателите со солзи во очите се присетија на „принцот со незаборавна насмевка“

Е.А.

(Фото) Јована Јеремиќ затекна необична сцена пред својот стан: „Љубов пред мојата врата“

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ ги покажа сестра си и баба си: „Велат дека сум иста како неа“

Еспресо

Би платиле ли некому 26.000 евра за да му даде име на вашето дете? На неа ѝ плаќаат токму толку!

Еспресо
Се вчитува....