8.8 C
Скопје
19:25 - 19 март, 2026

Контроверзиите на ЏЕЈДА ПИНКЕТ СМИТ: Имала афера со пријател на син ѝ, а со раперот Тупак ги поврзала дрогата

Актерката и сопруга на Вил Смит, Џејда Пинкет Смит деновиве е во центарот на вниманието, а тоа не и е првпат, таа е честа тема на разговор, но најчесто поради бројните контроверзии со кои се поврзува.

Прашањата за нејзината врска со Тупак Шакур се поставуваат со децении по смртта на познатиот рапер. Таа и самата признала дека ги поврзала дрогата.

„Кога првпат го запознав Пак, кога првпат се сретнавме, јас бев дилер. Нашиот однос беше преживување“, откри Џејда на гостувањето во Sway’s Universe.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tupac Amaru Shakur (@tupac.nz)

Медиумите во 1995 година пишуваа дека таа еднаш платила 100.000 долари за да го извлече Шакур од притвор каде што завршил под обвинение за сексуално злоставување.

За нивната врска и денес се зборува, особено затоа што нејзиниот сопруг Вил Смит призна дека е љубоморен на покојниот рапер.

„На почетокот на нашата врска ме мачеше нивниот однос“, напиша Вил во својата автобиографија, објаснувајќи дека „иако никогаш не биле интимни, нивната љубов еден кон друг е легендарна“.

Џејда и Вил беа неколкупати критикувани за начинот на кој ги воспитуваат своите деца. Прашина се крена во 2014 година кога беа објавени фотографии на кои нивната тогаш 13-годишна ќерка Волу како позира со седумгодишниот Мозес Ариас, без маица. Џејда потоа се бранеше со зборовите „дека нема ништо сексуално на таа слика или во таа ситуација“.

„Јас не сум конвенционален родител, на што сум многу горда“, рече таа тогаш во своја одбрана, објаснувајќи дека нивното семејство е многу отворено за различни теми.

Дека е неконвенционален родител, Џејда докажа и кога имала афера со пријателот на нејзиниот син, раперот Аугуст Алсин. Раперот откри дека биле во кратка врска во 2015 година, додека Џејда и Вил живееле одвоено. Тој тогаш имал 22 години, а таа 43.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Us Weekly (@usweekly)

Слични објави

(Видео) Спектакл за 41-виот роденден на Станија: Мини фустан, шампањ и танц на маса

Еспресо

„Маки“ по операцијата: Азис се пофали со новите силикони, па се пожали дека не може да закопча ниту една кошула

E.A.

Дали имаме нов холивудски пар? Се шушка дека Никол Кидман е во врска со ѕвездата од серијата „Менталист“

Еспресо

(Фото) „Мојата смисла на сѐ е во нејзината насмевка“: Каспер откри како ги поминува деновите со Мина Костиќ додека е во Америка

Еспресо

Што им носи пролетта на поле на љубовта на хороскопските знаци

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Менструален циклус – што е во рамките на нормалното?

Еспресо
Се вчитува....