11.8 C
Скопје
19:01 - 28 октомври, 2026

Ќерката на Сара Мејс тргна по стапките на мајка ѝ: Илина вежба харфа наместо да гледа во телефон

Илина, ќерката на пејачката Сара Мејс и водителот Димитар Атанасовски, очигледно го наследила музичкиот талент од мајка ѝ. Девојчето веќе свири харфа, инструментот на Сара, а гордиот татко сподели симпатично видео од нејзиното вежбање.

„И ја мислиш станала да гледа на телефон, ко секое нормално дете. Она вежба харфа. Ој животе, живио наштимана“, напиша Димитар на Инстаграм, шегувајќи се на сметка на музичките навики на својата ќерка.

На видеото Илина посветено свири на харфата, покажувајќи дека музиката веќе има посебно место во нејзиното секојдневие.

Сара Мејс, која покрај пеењето е позната и по свирењето харфа и е вработена во Националната опера и балет, во повеќе наврати ја има истакнато својата љубов кон овој инструмент. Сега изгледа дека љубовта кон харфата се пренесува и на следната генерација.

Сара раскажа дека Илина уште од мала покажува интерес за нејзината работа и сака да биде вклучена во музичките проекти.

„Секако, Илина е малку поголема и малку повеќе ги разбира работите, честопати учествува и сака да помогне , дали е тоа совет за песна, спот, снимање…“, изјави Сара за „Слободен печат“.

Пејачката тогаш откри и дека нејзините деца се нејзини верни слушатели, а Илина постојано ја пее нејзината песна „Убав е“.

Сара и Димитар важат за една од најсимпатичните двојки на домашната јавна сцена. Тие често споделуваат семејни моменти на социјалните мрежи, а покрај Илина, го имаат и синот Кирил.

Слични објави

(ВИДЕО) Едина Муса изненади со промена на изгледот — се збогува со долгата коса и покажа нова фризура

К.С.

Игор Џамбазов ќе биде домаќин на голема македонска кафеанска вечер во Скопје: Познати пејачи ќе ги пеат најголемите хитови

msp-admin

(Фото) Ги покажа своите извајани мускули – Раста се соблече по неверојатната трансформација

Еспресо

(Фото) „Моето омилено место“: Мина покажа како Огњен Амиџиќ ужива со децата

Еспресо

(Фото) „Турскиот Бред Пит“ го прослави 43. роденден: Сопругата му упати љубовна честитка

Еспресо

Постојано ви е студено, дури и кога на другите им е топло? Ова се можните причини

К.С.
Се вчитува....