11.8 C
Скопје
18:54 - 28 октомври, 2026

Игор Џамбазов ќе биде домаќин на голема македонска кафеанска вечер во Скопје: Познати пејачи ќе ги пеат најголемите хитови

Познатиот актер, шоумен и музичар Игор Џамбазов ќе биде домаќин на првата „Македонска кафеанска вечер“, која ќе се одржи на 25 декември, со почеток во 20 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

На сцената ќе настапат познатите македонски пејачи Наум Петрески, Миле Кузмановски, Благоја Грујовски и Сузана Гавазова, кои ќе ги забавуваат присутните со познати македонски песни и кафеански хитови.

За музичката придружба ќе биде задолжен бендот „Дрим тим“, а организаторите најавуваат повеќе од четири часа музика во живо, забава и вистинска кафеанска атмосфера.

Посебна улога во вечерта ќе има Игор Џамбазов, кој според специјално подготвено сценарио ќе ја води програмата и ќе се погрижи за доброто расположение на публиката. Најавени се и гости изненадувања.

Просторот ќе биде уреден во кафеански стил, со високи и ниски маси, за посетителите да можат да уживаат во музиката и дружењето.

Настанот има цел да ја промовира македонската музика и да ја оживее традицијата на кафеанските вечери, на кои песната, дружењето и добрата атмосфера се во прв план.

Билетите се продаваат преку продажната мрежа Wayin.mk, а промотивната цена изнесува 650 денари.

Слични објави

Ќерката на Сара Мејс тргна по стапките на мајка ѝ: Илина вежба харфа наместо да гледа во телефон

Еспресо

(Фото) Ги покажа своите извајани мускули – Раста се соблече по неверојатната трансформација

Еспресо

(Фото) „Моето омилено место“: Мина покажа како Огњен Амиџиќ ужива со децата

Еспресо

(Фото) „Турскиот Бред Пит“ го прослави 43. роденден: Сопругата му упати љубовна честитка

Еспресо

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.
Се вчитува....