6.8 C
Скопје
07:08 - 31 март, 2026

Карлеуша во фустан од 2.500 евра ја собра цела Суботица на концерт: Ги сруши сите рекорди на посети досега

Јелена Карлеуша синоќа одржа концерт кој ќе остане запаметен во градот Суботица и неговата околина по рекордниот број на луѓе собрани на градскиот плоштад.

Ѕвездата на вечерта најпрвин присуствуваше на приемот што ѝ го приреди градоначалникот на Суботица, Стеван Бакиќ, а потоа по прес-конференцијата за насобраните медиуми се упати кон Плоштадот на ослободувањето. Иако во некои медиуми со денови се споменуваше протестот на одредена група граѓани на кои им пречеле политичките убедувања на Јелена, поп дивата уште еднаш докажа дека ѝ нема рамен во работата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Во долг бел фустан со потпис на познатиот Тиери Муглер вреден 2.500 евра, ЈК играше и пееше повеќе од два часа на луѓето кои ја наградија со скандирање на нејзиното име, рози, транспаренти и плишани играчки. Во еден момент, трогната од овациите на публиката, Карлеуша се спушти во публиката и запеа заедно со неа.

На самиот крај од концертот на сцената излезе градоначалникот и на Јелена ѝ подари корпа цвеќе и подароци по кои е позната Суботица, а потоа следеше величествен огномет.

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....