01:45 - 6 април, 2026

Јелена Розга во проѕирен фустан во Сараево: Винтиџ парче кое се смета за колекционерски скапоцен камен, цената се движи од 640 евра до 3640 евра

Вечерта во четвртокот во Сараево беше резервирана за Јелена Розга. Публиката пееше од петни жили, а Јелена, како и секогаш, даваше сè од себе. Насмевка, енергија, хитови…, пишува klix.ba.

Но, она што им го привлече вниманието на многумина беше нејзината модна комбинација. Таа се појави на сцената во проѕирен фустан под кој носеше боди, а стајлингот го надополни со црни сандали.
Станува збор за модел на францускиот дизајнер Жан Пол Готје со препознатлив рентгенски принт, од неговата колекција пролет/лето 1996 година, позната како „Cyberbaba“ или „X-ray Skeleton Dress“.

Ова винтиџ парче сега се смета за вистински колекционерски скапоцен камен.

На пазарот на употребувани (веќе носени) дизајнерски парчиња, оваа креација чини од околу 640 евра до повеќе од 3640 евра, во зависност од зачуваноста.

Необичниот фустан на Јелена Розга можете да го погледнете ОВДЕ.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....