01:23 - 6 април, 2026

Јелена Карлеуша ја нападна Џејла Рамовиќ дека фустанот ѝ е копија: „Вистинскиот чини 5.000 евра“

Српската пејачка Јелена Карлеуша е во нова војна со своите колешки. Имено, сега ја нападна Џејла Рамовиќ поради фустанот што го носеше, тврдејќи дека е копија.

„Не сакам да ја расипам бајката, но Џејла Рамовиќ носи лажен фустан од ‘Цимерман’. Вистинскиот чини 5.000 евра“, напиша Карлеуша на X.

Таа не застана тука, го повика босанскиот бренд чија креација ја носеше Рамовиќ.

„Концепт продавница ‘Буртукаали’, што друго имате да понудите освен овие копии од ‘Цимерман’? Воопшто не го допирајте ‘Цимерман’“, напиша таа во друга објава.

Поради овие твитови, Карлеуша стана предмет на бројни коментари на споменатата социјална мрежа.

„Барем девојката плаќа за она што го купува со свои пари. Даночните обврзници не ја плаќаат“; „Колку си патетична“; „Какви комплекси“; „Навистина верувам дека можеш да бидеш подобра личност и не знам што ти стана, Јелена“; „Патетично однесување“, беа дел од коментарите.

Ве потсетуваме дека Карлеуша неодамна ја осуди и Селма Бајрами затоа што лајкнала објава поврзана со фактот дека двата нејзини инстаграм-профили се затворени.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....