09:06 - 3 април, 2026

ИСТ ГЕЈТ МОЛ излезе со објава по поплавувањето: Менаџментот на трговскиот центар донесе одлука да го затвори центарот за јавноста

-Како резултат на лошите временски услови кои предизвикаа елементарна непогода на територијата на град Скопје, дојде до излевање на вода од атмосферската канализација на уличната мрежа, која предизвика поплавување на подземните нивоа на трговскиот центар.

Фото/Твитер

Во овие услови, менаџментот на трговскиот центар донесе одлука да го затвори центарот за јавноста и да ги евакуира посетителите и вработените. Согласно усвоените сценарија за безбедност и заштита во услови на елементарна непогода, трговскиот центар беше евакуиран за кратко време.
Во моментов, заради безбедност на посетителите, возилата во подземната гаража на трговскиот центар ќе останат паркирани, се до исцрпување на водата. Техничките служби во трговскиот центар во моментот работат на исцрпување на водата од подземната гаража. Овие активности ќе траат во текот на целата ноќ.

Во зависност од прогресот на активностите поврзани со санација на поплавата, трговскиот центар утре, во текот на раните утрински часови, ќе ја информира јавноста и закупците дали трговскиот центар ќе биде отворен за потрошувачите.

Се заблагодаруваме на сите посетители и закупците за нивната брза и навремена реакција. – стои во објавата на фејсбук-страницата на ИСТ ГЕЈТ МОЛ.

Слични објави

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.
Се вчитува....