7.8 C
Скопје
21:31 - 20 март, 2026

Се огласи адвокатот на Даниел Кајмакоски за киднапирањето: „Претпоставувам дека можеби станува збор за луѓе…“

Помина повеќе од еден месец по драматичното киднапирање на пејачот Даниел Кајмакоски, кој беше нападнат по настап во Белград, случајот сè уште нема епилог, пишува српски „Курир“.

Во оваа прилика се огласи неговиот адвокат Бранислав Станишиќ, кој посочи дека истрагата се темели, пред се, на претпоставки, а не на цврсти докази.

Според неговите зборови, одредени траги упатуваат на можноста дека во целиот настан биле вклучени лица кои во минатото на некаков начин биле поврзани со пејачот, но таквите тврдења сè уште не се поткрепени со конкретни факти. Заклучоците, како што наведува тој, произлегуваат од разговорите и индикациите до кои се дошло во текот на досегашната истрага.

Станишиќ, исто така, изразил загриженост за недостатокот на резултати во работата на надлежните органи. Иако помина речиси еден месец од инцидентот, до ден-денес нема информации за апсење на осомничените, и покрај претходните тврдења дека зад нападот стојат неискусни и неорганизирани сторители.

Токму поради ова, Станишиќ го поставува прашањето за ефикасноста на истрагата и причините поради кои, покрај ваквите претпоставки, сторителите сè уште не се идентификувани и лишени од слобода.

„Со оглед на тоа што помина речиси еден месец од настанот, односно кога врз Даниел имало обид за кривично дело за кое со законот е предвидена казна од 10 до 12 години, и со оглед на тоа што немавме приведени лица иако се зборуваше дека тоа го сториле аматери и некои неуки луѓе, се поставува прашањето зошто нашата полиција досега не успеала да ги лиши од слобода луѓето кои се аматери и не се професионалци“, изјавил адвокатот на пејачот за „Курир“.

 

 

Слични објави

Марија Шерифовиќ објави албум со детски песни, една му посвети на синот Марио

Еспресо

Марија Шерифовиќ призна дека нејзиниот син е толку залепен за неа, што не може да оди ниту во тоалет

Еспресо

(Видео) Последната објава на Чак Норис од пред само 10 дена: „Само преминувам на повисоко ниво“

Еспресо

Чак Норис зад себе остави пет деца, два брака и живот поголем од филмскиот мит, а од глумата се повлече за да ѝ се посвети на болната сопруга

Еспресо

Почина Чак Норис, легендарниот мајстор на боречките вештини

Еспресо

(Фото) Галена направила хаос на настапот на Цеца: Танцувала, ги кренала нозете и покажала премногу

Еспресо
Се вчитува....