07:04 - 6 април, 2026

Ирина Шајк откри нови детали за нејзиниот живот: Ја отворив вратата и тројца мажи со маски ми вперија пиштол во главата…

Ирина Шајк во ексклузивното интервју за мартовското издание на „Вог“ откри детали за своето детство кои досега не и беа познати на јавноста.

Кога имала шест години нивното семејство било ограбено. Тројца маскирани мажи насилно влегле во нивната куќа.

Таа го опишува моментот кој најмногу и го променил животот.

„Татко ми работеше 20 години и конечно купи кола. Да имаш кола во селото беше како да си крал. Подоцна одлучи да ја продаде за да тргнеме на страна пари за нова куќа, за колеџ… Но кога имав 6 години бевме ограбени. Ја отворив вратата и тројца мажи со маски влегоа и ми вперија пиштол во главата… Знаев дека татко ми го предате неговиот најдобар пријател бидејќи само тој знаеше дека ја продадовме колата“.

Манекенката останала без татко кога имала 14 години. Морала да се грижи за своето семејство. Почнале да одгледуваат зеленчук во нивната градина и на тој начин собирале резерви за целата година.

Ирина признава дека сака да ѝ биде пример на ќерка ѝ за силна жена, како и да ја научи дека храната, облеката и подароците се заработуваат, а не ги добива затоа што ѝ следуваат.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....