7.8 C
Скопје
01:23 - 20 октомври, 2026

Индирa Левак испрати емотивна порака до Халида Бешлиќ: Те сакам, брате

колонијаПејачката Индирa Левак, поранешна членка на групата „Колонија“, на својот инстаграм-профил му посвети емотивна објава на колегата и пријателот Халид Бешлиќ, која ги развесели и растажи многу од нејзините следбеници.

„Секогаш си во моите мисли и во моето срце… Да оздравиш што поскоро и повторно да нè прегрнеш сите со својата добрина и песна… Брате, пријателе… Те сакам“, напиша Левак покрај заедничка фотографија.

Во коментарите многумина се приклучија на желбите за брзо оздравување:

„Сакам да оздрави што побрзо и да биде добро“, „Брзо закрепнување за Халид и враќање кон песната“, „Брзо опоравување за нашиот Халид“,„Халиде, те чекаме“.

За потсетување, пејачот е хоспитализиран повеќе од еден месец во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево, на Одделението за нефрологија. Тој го откажа концертот што требаше да се одржи во Градачец на 27 август поради здравствени проблеми и започна со рехабилитација. Подоцна беше откриено дека Бешлиќ е префрлен на Одделението за онкологија поради проблеми со црниот дроб.

Средината на септември, менаџерот на Бешлиќ, Дамир Рамљак, изјави дека неговата состојба се подобрува и дека веројатно ќе биде пуштен дома, иако сè уште е во болница:
„Иде на подобро, има многу надеж, и ние ја имаме, па докторите планираат да го пуштат малку дома. Добро реагираше на терапијата што му ја дадоа сега во болница. Дури има намера да оди дома малку да се одмори од болницата, а потоа докторите ќе видат што и како. Но, како што стојат работите сега, оди на подобро“, рече тој, пренесува „Индекс“.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....