07:35 - 6 април, 2026

Франо Ласиќ и во осмата деценија вози јахта, неговата 32 години помлада сопруга се пофали на Инстаграм

Еден од најголемите заводници на поранешна Југославија, актерот и музичар Франо Ласиќ, плени со својот шарм и виталност дури и во осмата деценија од животот.

Ова лето, 70-годишниот музичар одлучи да се повлече од градската врева и да ужива на хрватското крајбрежје со своето семејство. Друштво му прават сопругата Милена, која е 32 години помлада од него, и нивниот петгодишен син Николас.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milena Lasić (@milena.lasic)

На фотографиите што Милена ги сподели на социјалните мрежи, може да се види како Франо управува со едрилицата со леснотија, додека таа и нејзиниот син уживаат.

Неговата улога како капетан“ не е изненадување, бидејќи Ласиќ е познат како љубител на морето и едрењето, па ова е совршен начин да ја спои неговата страст и семејниот одмор.

Инаку, Франо зад себе има три брака, но се чини дека само со Милена го пронашол мирот и стабилноста што ги посакувал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milena Lasić (@milena.lasic)

Парот кој ја круниса својата љубов со брак во 2015 година често привлекува внимание од јавноста поради големата разлика во годините, но од нивните објави е јасно дека тоа не е пречка за нив. Напротив, Милена често се фали со моментите на среќа со сопругот и синот, покажувајќи дека заедништвото и љубовта им значат многу повеќе од предрасудите.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....