18.8 C
Скопје
16:05 - 13 март, 2026

(Фото) Ѕирнете во станот на најубавата српска манекенка од 400.000 евра: Прв сосед ѝ е Новак Ѓоковиќ

Српската манекенка Дејана Живковиќ има две деца со својот избраник, Филип Симовиќ. Двојката ужива во љубовта, но и во луксузот, со оглед на тоа што се преселија во станот што го купија неодамна.

Станот се наоѓа во нова зграда, во која недвижност купил и српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ. Ако се земе предвид фактот дека квадратниот метар не бил помал од 3.500 евра, а нивниот стан има околу 100 квадратни метри, јасно е дека, со опремувањето, за ова задоволство издвоиле околу 400.000 евра.

На неколку фотографии што можат да се најдат на нејзиниот профил, гледаме завеси и драперии во бела и сива боја. Дневната соба, каде што има многу играчки, има црно-бели тонови, без премногу детали. Дејана ја покажала и детската соба, која е како од бајка.

Да потсетиме, Дејана Живковиќ одлучи јавно да проговори за тешкотиите што ги имала поради естетските корекции и операции.

„Она што се случуваше последните неколку години и што доведе до фактот речиси да не личам на себе… Не сакам да кажам дека лекарите се виновни за сè. Сама одлучив да експериментирам со моето лице, но во повеќето случаи лекарите беа виновни. Најмногу сум благодарна на мајчинството, кое ме промени толку многу што повеќе не сакав да изгледам неприродно како мајка на едно, а потоа и на друго дете. Најсреќна сум што успеав да го вратам својот природен изглед“, рекла Дејана преку социјалните мрежи.

„Најважната порака за сите млади и постари девојки/жени е да не мислат дека ќе се разубават со некоја зафат, бидејќи може да се случат милион компликации. Одењето на ‘разубавување’ не мора да значи дека воопшто ќе се разубавите, а камоли да го добиете посакуваниот резултат“, била јасна манекенката.

 

Слични објави

(Фото) Ѕирнете во луксузниот стан на Луна и Марко во Белград: Ќерките добиле соба како од бајка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ се прости од своето куче: „Сите кучиња одат во рајот“

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска во своето најсекси издание досега

msp-admin

Марија Шерифовиќ проговори како ги напуштила „Ѕвездите на Гранд“, а го спомена и Саша Поповиќ

apostolova

(Фото) Ваква не ја знаеме: Ирена Спировска природна, без трошка шминка

msp-admin

Нови детали за несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Ќе биде погребан денеска, на гробиштата во Брестач

Еспресо
Се вчитува....