11:36 - 8 април, 2026

(Фото) Ѕирнете каде израснала Тања Савиќ: Куќата на пејачката во родното село е непрепознатлива

Пејачката Тања Савиќ во саботата на 23 ноември приреди шоу во белградска арена, а на прославата на 20 години од почетокот на нејзината кариера за прв пат се појави целото нејзино семејство, татко ѝ, мајка ѝ, брат ѝ и сестра ѝ.

Екипата на српски „Телеграф“ два дена по концертот, го посети родното село на Тања, Радинац, и ја обиколи куќата во која таа порасна.

Нејзината куќа во Радинци, село кај Смедерево, воопшто не е како онаа во која живеела Тања.

Нејзините родители целосно ја реновирале фасадата на куќата, па наместо светло розова боја, таа сега е сива. Фотографиите од куќата можете да ги погледнете ТУКА!

Во пространиот двор, покрај неколку паркирани автомобили, има и пластеник каде мајката на Тања одгледува зеленчук.

Откако вложиле неколку илјади евра во куќата и го уредиле првиот кат, сега се префрлиле во дворот, каде сѐ уште се работи.

Како што ни откри Живана Савиќ, мајката на Тања, која многу топло беше домаќин на нашиот тим, тие во моментов градат помошна просторија и гаража.

Слични објави

Грчкиот пејач искрено откри: Едита Арадиновиќ ме остава без здив

Еспресо

„Беше ироничен“ – Луна Ѓогани повторно проговори за Слоба Радановиќ

E.A.

(Видео) Ивона Јо: Ми отстранија 11 килограми кожа, немам веќе болки

msp-admin

(Фото) Среќна баба: Кате од „Нели ти реков“ ги покажа внуките

apostolova

Хороскоп за 8 април: Близнаците носат одлука што менува тек, Девиците конечно се ослободуваат од дилема

apostolova

Ќерката на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ, Атина, го оперирала носот?

Еспресо
Се вчитува....