8.8 C
Скопје
09:08 - 15 март, 2026

(Фото+видео) Пејачката 10 години се криеше зад перики: Направи пластични операции и го покажа „новото“ лице

сиа

Австралиската пејачка Сиа по седумгодишна студиска пауза, се враќа на музичката сцена со новиот албум „Reasonable Woman“, кој се очекува на почетокот на 2024 година.

Сиа (47) е активна во музичкиот свет од 1997 година, но во 2013 година одлучила повеќе да не го покажува своето лице во јавноста. Кантавторката признала дека тешко ја поднесувала популарноста и дека секој пат кога постигнувала некаков успех им се препуштала на пороците.

Непосредно пред објавувањето на албумот „1000 Forms of Fear“ и хитот „Chandelier“, Сиа одлучи да не го покажува своето лице на јавноста и настапуваше со перика која ја криеше од љубопитните очи.

– Јас сум поп-ѕвезда која го крие своето лице, но нема причина да лаже. Затоа направив фејслифтинг (естетски зафат). Фантастичниот доктор Талеи заврши одлична работа не само во мојот случај, туку и во случајот на многу популарни жени. Пред малку на некого му покажав како изгледав пред фејслифтингот и по него. Деновиве кога некој ќе ми каже – одлично изгледаш, одговарам – д-р Бен Талеи, лифтинг (затегнување) на лицето – изјавила пејачката на настан во Лос Анџелес, каде што го претстави докторот заслужен за нејзиното лице.

Сиа на крајот на 2019 година, стана интернет-сензација кога протече снимка од продавницата во која на сите пред Божиќ им ги платила сметките. Имено, сите луѓе кои случајно се нашле во продавницата со пејачката не потрошиле ниту еден долар, бидејќи сè платила Сиа.

Во текот на музичката пауза, австралиската ѕвезда посвои две момчиња и се посвети на тоа да им го подобри животот, да се осамостојат и да го добијат најдоброто можно образование.

 

Слични објави

Хороскоп за 15 март: Девиците треба трпеливо да ја чекаат својата шанса со саканиот

Еспресо

Цеца Ражнатовиќ се вози со автобус – во рака носи торба од 40.000 евра, а еве кој ѝ прави друштво

E.A.

„Не постои толку мека перница како мирната и чиста совест“: Уживајте во овие мудри зборови за животот, љубовта, среќата…

Еспресо

(Видео) Дарко Лазиќ објави емотивна снимка со брат му Драган: „Спомените остануваат засекогаш“

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Астростил: Како хороскопот ја обликува вашата гардероба и ве прави неодоливи

Еспресо
Се вчитува....