21.9 C
Скопје
20:32 - 6 јуни, 2026

(Фото) Вереникот на Мина Костиќ ѝ се јави на телефон на сред емисија: И ако ме лаже, ме лаже прекрасно!

За време на гостувањето во една емисија, Мина Костиќ разговарала по телефон со својот вереник, извесен Каспер, како што сè уште го нарекува, а воедно му дала можност да зборува за нивната љубов пред сите – и самиот да потврди сè. Пејачката во ниту еден момент не ја симна насмевката од лицето додека тој зборуваше.

Таа го нарече „љубов“ и не криеше колку едвај чека да дојде во Србија.

– Здраво, добра вечер на сите, јас сум Каспер. Добра ви вечер, кај нас тука е сè уште ден, по шест работни часа. Сакам да ве поздравам сите… Да, Каспер, и тоа како постои, не е генерирана вештачка интелигенција како што се вели денес, такашто сè е вистина, сè е реалност и, ете, мојот сон за мојата идеална жена и љубов се оствари по 20 години – рече тој за време на телефонскиот повик како дел од „Шоуто на Амиџи“, споредувајќи ја нивната со приказната за „Антонио Бандерас и Мелани Грифит, објаснувајќи како актерот ја чувал нејзината слика додека не ја освоил“.

– Не ја чував сликата, да бидам сосема искрен, но нејзината (на Мина) слика секогаш ми беше таму, пред очи. Се радував на сите нејзини успеси… – изјави Каспер.

По разговорот, Мина Костиќ ја искористи можноста да ѝ го честита роденденот на својата сестра Марија. После тоа, таа му рекла на Огњен Амиџиќ дека „Каспер е висок 198 см, има 45 години и дека таа сака да се омажи за него, па што и да е“.

– И ако ме лаже , убаво ме лаже – коментираше Мина, чии очи сè уште светкаа по разговорот со избраникот.

Слични објави

(Фото) Марија и Бојан од „Ај кју“ прават свадба на Халкидики, Сара Мејс објави први детали

Еспресо

(Видео) Северина во штикли заигра кошарка – погледнете како се загреваше пред концертот во Макарска

Т.Ц.

„Ниту една филмска љубов не може да се мери со нашата“: Мишел Фајфер му упати нежни зборови на сопругот

Т.Ц.

Уникатен изглед, квалитетна изработка и пристапни цени – одберете си совршени клуб и трпезариски маси од Wood Room

Еспресо

Скриената моќ на 6. 6. 2026: Што ни носи денешниот ден со тројна енергија на бројот шест?

Т.Ц.

(Видео) Тања Савиќ покисна на дождот, но покажа што значи да се биде професионалец

Т.Ц.
Се вчитува....