03:15 - 6 април, 2026

(Фото) Убавата Хрватка беше Мис Чиле, а сега води кулинарска емисија: Која е Тонка Томичиќ Петриќ?

Во Чиле вчера беше најавено ново телевизиско реално шоу за готвење, „Ел Интернадо“ („Интернат“), кое ќе го води 49-годишната Тонка Томичиќ Петриќ, позната чилеанска ТВ-водителка со хрватско потекло.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tonka Tomicic (@tonkatomicicpetric)


Емисијата, која наскоро ќе ја лансира приватната телевизија Мега, ќе го следи натпреварот на 18 познати личности од Чиле и странство – но повеќето од нив имаат мошне малку или нималку познавање од готвењето.

Тонка Томичиќ Петриќ ќе ја води програмата заедно со професионалната готвачка Јана Јивин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tonka Tomicic (@tonkatomicicpetric)


Пред премиерата, водителката се присетила на своите корени и вкусови од детството.

„Ги обожавам традиционалните хрватски слатки и пити што ги правеа баба ми и мајка ми“, рекла таа.

Нејзините родители, Марија и Антонио, се по потекло од островот Хвар – исто како и чилеанскиот претседател Габриел Бориќ Фонт.

Чиле денес има околу 200.000 Хрвати и нивните потомци. Првите емигранти пристигнале во втората половина на 19 век, претежно на бродови од Далмација, во потрага по работа и подобар живот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tonka Tomicic (@tonkatomicicpetric)


Родена во Сантијаго, Тонка Томичиќ Петриќ се прослави уште во 1995 година, кога го претставуваше Чиле на изборот за Мис на светот. Оттогаш, таа изгради успешна телевизиска кариера, а нејзината биографија открива широк спектар на интереси – на својот јутјуб-канал таа се опишува себеси како „дизајнерка, модел, забавувачка, танчарка, готвачка, страсна читателка, речиси секојдневна вежбачка, сестра, пријателка, тетка, ќерка и љубителка на кучиња“.

 

Тонка има повеќе од 1,5 милиони следбеници на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tonka Tomicic (@tonkatomicicpetric)

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....