11.8 C
Скопје
19:57 - 22 март, 2026

(Фото) Теодора Џехверовиќ како згодна Бразилка на плажа: Пејачката провоцира, облините и тетоважите во прв план

По празничните настапи и динамичната сезона за сите пејачки, Теодора Џехверовиќ како и многу нејзини колешки реши да одмори. Атрактивната пејачка малку мир најде во Дубаи, каде ужива на жешкото сонце и од каде на следбениците им се пофали со уште пожешки фотографии.

Имено, Теодора реши да ги почести своите следбеници и да сподели со нив дел од атмосферата од плажите во Дубаи каде ужива, па објави сет фотографии на кои позира во бикини со мотив на бразилскиот дрес. Таа носеше мал кроп топ, и минијатурен долен дел од бикини.

Како жешка и убава Бразилка, таа со голема самодоверба ја покажа својата совршена фигура, а евидентно е дека напорно работи на своето тело во теретана. На нејзиниот исончан тен јасно се гледаа и две тетоважи, а косата ѝ беше исплетена, додека носеше очила за сонце.

Да потсетиме, братот на Теодора Сава живее со семејството во Дубаи, па Теодора го насочи својот одмор на оваа дестинација за да биде поблиску до семејството.

Слични објави

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Еспресо

Еве што се случува со имотот на Видој по помирувањето на Николина Пишек и Миша Гроф

Еспресо

„Има проблем да се одвои, со него сум и во тоалет“: Марија Шерифовиќ со детали за односот со синот Марио

Еспресо
Се вчитува....