21:48 - 5 април, 2026

(Фото) Српската актерка заробена на Хаваи со децата поради цунами: Објави предупредувачка порака што ја добила

Силен земјотрес со силина од 8,8 степени го погоди брегот на рускиот Далекиот Исток во средата рано наутро, предизвикувајќи цунами бранови кои ги погодија бреговите на Курилски острови во Русија и северниот јапонски остров Хокаидо.

По силниот земјотрес, цунами бранови ги погодија бреговите на Русија, Јапонија и Хаваи, а токму од Хаваи се огласила српската актерка Јелисавета Орашанин – која се наоѓа таму со своите деца.

Бранови биле забележани и по должината на тихоокеанскиот брег на Јапонија, со висина до 60 сантиметри, но набрзо пристигнало извештаи за бранови високи и до 1,3 метри.

Јелисавета споделила на Инстаграм дека добила порака на нејзиниот телефон во која се вели дека ќе бидат вклучени сирени за да се предупредат луѓето во загрозените подрачја.

За потсетување, земјите во и околу Тихиот Океан се подготвуваат за можни цунамија. Некои веќе пријавија бранови што ги погодуваат нивните брегови, а на жителите на голем дел од источниот брег на Јапонија, кој беше тешко погоден од катастрофалниот земјотрес и цунами во 2011 година, им е наредено да се евакуираат.

 

 

 

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....