06:00 - 12 април, 2026

(Фото) Софија Ричи го откри полот на своето второ дете, пристигнува момче во семејството

Познатиот модел и ќерка на Лајонел Ричи, Софија Ричи Грејнџ, откри дека очекува машко дете. Таа го откри полот на своето второ дете на интимна прослава во пижами, пренесува „Пипл“.

Ричи откри дека е повторно бремена во октомври, откако ја роди Елоиз во мај 2024 година. Таа сподели фотографии од прославата на Инстаграм, која се одржа во стил на кантри клуб и се викаше „Клубот Грејнџ“.

Софија го откри полот на бебето во описот на објавата, заедно со фотографии од елегантно поставени маси на која пишуваше: „Прослава на идниот брат на Елоиз“.

На една од фотографиите објавени од нејзината пријателка пишуваше: „Забава за идната мајка на синче“. Ричи носеше жолт свилен комплет пижами и наметка со црни точки за пригодата, а сето тоа го заокружи со сребрени ѓердани и дијамантски обетки.

Ричи се омажи за музичкиот менаџер/извршен директор Елиот Грејнџ во 2023 година и на 16 октомври објави дека го очекуваат своето второ дете.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....